Европа
Дури 20.000 војници во акција: почна најголемата воена вежба на НАТО од Студената војна

На северот на Европа почнаа големи воени вежби. Додека се чека официјалното влегување на Шведска во НАТО, Финска првпат ќе учествува како полноправна членка на западната воено-одбранбена алијанса.
Вежбите ќе траат речиси две недели, а ќе учествуваат 20.000 војници од 14 земји. Норвешките офицери ќе водат вежба, чија цел е подготовка на силите за војна на северното крило на НАТО. Nordic Response 24 ќе се одржи на територијата на Шведска, Норвешка и Финска, а покрај споменатите земји, ќе учествуваат и Белгија, Велика Британија, Канада, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија и САД.
„Вежбата ќе ги покаже оперативните способности на НАТО, кохезијата и волјата за одбрана на сите членки на НАТО“, се вели во соопштението на финската војска за вежбата.
Воената вежба на европскиот север е дел од пошироката воена вежба на НАТО, наречена Steadfast Defender 24, која ќе трае од јануари до мај оваа година, од Шведска и Финска до Унгарија и Грција. Тоа е најголемата воена вежба на западната алијанса од Студената војна.
Финска е последната земја што му се приклучи на НАТО отфрлајќи ја традиционалната неутралност, а соседна Шведска се очекува да го стори тоа до крајот на месецот.
Вежбата секако е насочена кон опасноста од исток, од Русија, која веќе две години води војна во Украина. Финска и Русија историски биле во војна и имаат заедничка граница долга 1.340 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.
Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.
„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на координаторот на проруското „Николаевско подземје“ Сергеј Лебедев.
Украинските власти потврдија дека повеќе од десетина експлозии се слушнале во Криви Рих за време на воздушниот напад, но не го споменаа аеродромот.
Kryvyi Rih has indeed been subject to an awful attack.
At least 10 drones descended on the city in Dnipropetrovsk.
It's no known how many hit targets, but from this video we can see there were quite a few.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/tQRXmptF7F— Tim White (@TWMCLtd) October 16, 2025
„Беа избројани околу 15 експлозии. Силно гори во областа на аеродромот Лозовацки на север од градот, каде што има пет авиони, вклучувајќи ги и оние на НАТО. Оттаму, масовно се лансираат беспилотни летала кон јужниот дел на Русија: Крим, Краснодарска територија, јужно од Ростовската област“, рече Лебедев.
Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички центар со неколку хангари и складишта за оружје.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина да добие крстосувачки ракети Томахавк.
Trump said he told Putin: “You wouldn’t mind if I gave a couple thousand Tomahawk missiles to your opposition?” — adding that the Russian leader didn’t like the idea. pic.twitter.com/hYainBXRW9
— KyivPost (@KyivPost) October 16, 2025
„Го прашав: ‘Дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на вашите противници?’“, им рече Трамп на новинарите.
Тој додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“.
Трамп и Путин разговараа по телефон пред планираниот состанок на нивните советници следната недела и најавениот состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, кој треба да биде посветен на обидот за постигнување договор за војната во Украина.
фото: принтскрин