Скопје
Ѓорѓиевски: Изградбата на затворената спортска сала во Пинтија е во напредна фаза
Напредува изградбата на затворениот спортски објект во населбата Пинтија, во ПОУ ,,Рајко Жинзифов”. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во динамиката на работа, на чија завршница чекаат 252 ученици од ова училиште. Затворената спортска сала, која е прва од ваков вид во ова населено место, ќе има површина од околу 350м2.

„Активно се одвива изградбата на затворената спортска сала во населбата Пинтија која обезбедува современи услови за спортување на нашите ученици од ПОУ ,,Рајко Жинзифов”. Како никогаш досега во минатото, Пинтија ќе има затворен спортски објект на околу 350 квадратни метри, кој ќе обезбеди комплетна спортска инфраструктура за развивање на физичките потенцијали и подобрување на здравјето на младите. Наша должност, како раководство на Општина Кисела Вода е секојдневно да ги унапредуваме условите и да им овозможиме еднакви можности на сите наши жители, посебно на најмладите кои се иднината на Република Македонија. Создаваме и градиме во секоја населба во секое населено место, а ваквите проекти се валоризација на мојот даден збор“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Затворената спортска сала во Пинтија се очекува да биде завршена до крајот на учебната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.

