Спорт
Ангеловски: Ние сме локален клуб, не сме државен прокет каков што беше Вардар
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре ќе ја заврши сезоната во Лигата на шампионите. Пелистер кој нема ниту еден освоен бод досега гостува кај Колштад.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски, одржа прес конференција пред натпреварот во Норвешка,најави дека неговиот тим ќе се обиде со поволен резултат да се прости од елитата за оваа сезона.
„Нема небитен натпревар во Лигата на шампионите, ние треба да славиме што бевме дел од ова натпреварување. Можеме само да извлечеме поука и да видиме уште колку работа не чека за да можеме да играме егал утакмици. Одиме во Колштат да се надигруваме со норвешкиот шампион и да се обидеме да извлечеме добра резултат. Мораме да играме под притисок, таков е скандинавскиот ракомет со брза транзиција, доколку осетат малку лабилно влегување во натпреварот од наша страна ќе имаме ќе имаме големи потешкотии да се натпреваруваме со нив. Мора да дадеме се од себе за нас, клубот, нашиот град и нашата држава“, рече Ангеловски и потоа, спомнувајќи ги Металург и Вардар, се обиде да најде алиби за 13. порази во исто толку натпревари во Лигата на шампионите.
„Не е лесно што одиме во Норвешка без освоен бод. Но треба да се знае дека ние сме екипа со најмал буџет во ЛШ, половина од екипите во Лига Европа имаат дупло поголем буџет од нас, а не успеаја да поминат. Јас сакам да бидеме како Вардар, но еве ќе направам една паралеле. Металург кога првата година играше во ЛШ губеше по 15 разлика од Чеховски Медведе, Фленсбург, Загреб…во групата заврши си нула бодови, за потоа да дојде на чекор до Фајнал Фоур. Или Вардар, пред времето на Самсонеко и потоа. Ние сме локален клуб, по Општината сите спонзори се локално, не се државни. Вардар беше национален проект. Јас би сакал тоа да се деси во Битола или во бико кој друг град“.
Натпреварот Колштад-Еурофарм Пелистер утре ќе започне во 18.45 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

