Македонија
Бојмацалиев: СВР Струмица со 10 отсто поголема ефикасност во реализација на кривични дела со непознат сторител
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, во рамките на серијата посети на секторите за внатрешни работи беше во работна посета на Полициското одделение Дојран и на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, каде што оствари работни средби со раководствата на СВР Струмица, Одделението за внатрешни работи Гевгелија и Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, а потоа ќе оствари и работна средба и со градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.„Од средбите со раководствата на овие организациони единици бев информиран за преземените интензивни мерки и активности со цел спроведување на дадените приоритети од контролната стратегија во насока на одржување на поволен јавен ред и мир и спречување и намалување на регистрирани кривични дела на подрачјето од нивна надлежност, што е особено значајно за безбедноста на ова туристичко подрачје. Првите два месеци од 2024 година во однос на минатата 2023 година, СВР Струмица бележи намалување на регистрираните кривични дела со непознат сторител, односно регистрирани се вкупно 64 (78) кривични дела, но има процентуално зголемување во нивната реализација, односно, во 2024 година постигната е 10% поголема ефикасност во реализацијата на овие дела во однос на истиот период минатата 2023 година. Најмногу кривични дела во јануари и февруари 2024 година, СВР Струмица има поднесено за „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, при што поднесени се вкупно 9 кривични пријави за сторени 12 кривични дела против 14 сторители”, истакна Бојмацалиев.Во однос на работењето на Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стар Дојран во рамки на Регионалниот центар ЈУГ, Бојмацалиев беше информиран за резултатите во откривањето и спречување на илегална миграција и криумчарење на мигранти, спречување на останати форми на прекуграничен криминал како и контрола на граничниот премин.„На подрачјето на РЦ за ГР Југ за овие два месеца бележиме откриени 1057 (1009) илегални мигранти или зголемување од 5% од кои 14 (68) илегални мигранти се на ПС за ГП и ГН Стар Дојран или намалување од 79%. Во делот на криумчарење мигранти откриени се 13 (3) случаи или зголемување од 3 пати од кои 1 (1) случај се на ПС за ГП и ГН Стар Дојран. Воедно, ставен е акцент и на превенцијата, со вкупно реализирани 126 (45) превентивни активности по проекти, трибини и средби со граѓани”, рече Бојмацалиев, со уверување дека вработените од овие организациони единици ќе продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на безбедноста на сите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

