Контакт

Спорт

Германците се подготвени да го чекаат Клоп до март 2025 година

Објавено пред

Јирген Клоп ќе го води Ливерпул до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот во кој пристигна во 2015 година и му ја донесе титулата англиски и европски шампион.

dobivaj vesti na viber

Германските медиуми пишуваат за планот на Германскиот фудбалски сојуз кој ќе се обиде да го убеди славниот тренер да ја преземе репрезентацијата.

Клоп во кариерата работеше на три места, запон во Мајнц, потоа се пресели во Борусија Дортмунд, а од Германија замина во Ливерпул.

Германските медиуми пишуваат дека е голема веројатноста по Европското првенство, без оглед на резултатот, Германија да остане без селектор. Јулијан Нагелсман има договор до крајот на ЕУРО 2024, а самиот не крие дека повторно би сакал да работи во клупскиот фудбал.

Дел од медиумите тврдат дека Клоп има голема поддршка од навивачите.

„Дие Велт“ потсетува на зборовите на Клоп дека му е потребен одмор, но изразува надеж дека би можел да го води првиот натпревар на Германија во март 2025 година, а потоа да ја подготви репрезентацијата за Светското првенство следната година.

Во периодот помеѓу заминувањето на Нагелсман и доаѓањето на Клоп, репрезентацијата би ја предводел помошникот на актуелниот селектор, Сандро Вагнер.

Спорт

(Видео) 85.000 луѓе го пречекаа Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“

Објавено пред

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе и официјално беше промовиран во нов играч на Реал Мадрид. На промоцијата присуствуваа 85.000 луѓе на „Сантијаго Бернабеу“.

dobivaj vesti na viber

Мбапе, утринава најпрвин беше на лекарски прегледи, а потоа заедно со претседателот на Реал Флорентино Перез го парафираше повеќегодишниот договор.

Мбапе ќе остане во шпанската престолнина најмалку до летото 2029 година. Само за потписот доби 130 милиони, а месечно ќе заработува 26 милиони евра нето.

На дресот ќе го носи бројот девет, откако не инсистираше на бројот десет што го носи Лука Модриќ.

По потписот следеше спектакуларна промоција пред 85.000 навивачи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, први на теренот излегоа претседателот Флорентино Перез и клупските легенди Хосе Мартинез Пири и Зинедин Зидан.

По тој повод беше прикажан специјален филм подготвен исклучиво за оваа пригода, на кој се прикажани ексклузивни снимки од Зизу и младиот Мбапе.

Легендарниот француски играч за врска беше тој што работеше со својот 13-годишен сонародник во тренинг комплексот на Реал.

„Почитуван Зизу, ова е многу важно. Пред 12 години го поканивте детето што го промовираме денес овде. Денеска ќе го пречекаме Килијан Мбапе“, рече Перес и потоа му посака добре дојде на Мбапе.

„Дојде овде по најефикасната сезона во кариерата и тројната круна во Франција. Ти благодариме за безусловната љубов што ја покажа кон Реал. Стотици деца од Франција се денес тука благодарение на твојаѕа хуманитарна работа. Сето тоа не прави горди. Килијан, добре дојде во Реал Мадрид“.

Набрзо, за прв пат како играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се појави на тревата на „Бернабеу“ и предизвика ерупција од воодушевување.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мбапе го стави потписот на договорот со Реал

Објавено пред

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе официјално е нов член на Реал. Откако успешно ги помина лекарските прегледи, Мбапе се упати на „Сантијаго Бернабеу“, каде што потпиша договор со европскиот и шпанскиот шампион.

dobivaj vesti na viber

Во друштво на претседателот на клубот Флорентино Перез, напаѓачот се обврза на соработка до летото 2029 година.

Со тоа ставија крај на долгогодишните шпекулации за тоа кога и дали Мбапе ќе го облече белиот дрес.

Францускиот репрезентативец само за са потписот ќе добие бонус од 130.000.000 евра, додека во Мадрид ќе заработува 26.000.000 нето годишно.

Мбапе, како и сите други асови на Реал, доби дополнително време за одмор, па ќе ја прескокне турнејата низ САД, каде што кралскиот клуб ќе игра против Милан на 3. август, а три дена подоцна против Челзи, реално е дека на располагање на Карло Анчелоти ќе му биде во битката со Аталанта за трофејот во Суперкупот на Европа, на 14 август во Варшава.

Тој ќе го носи бројот девет на грбот, кој немаше сопственик откако Карим Бензема замина во Саудиска Арабија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Поразот во финалето e неуспех – Саутгејт поднесе оставка

Објавено пред

Герет Саутгејт официјално поднесе оставка како селектор на Англија.

dobivaj vesti na viber

Сите англиски медиуми објавија дека дошло до официјална разделба меѓу Герет Саутгејт и фудбалската репрезентација на Англија.

Саутгејт по осум години ја напушти функцијата селектор на „Гордиот Албион“.

Во наведениот периос, Саутгејт ја однесе Англија во две финалиња на европските првенства во 2020 и 2024 година, полуфиналето на Светското првенство во 2018 година и четвртфиналето на Светското првенство во 2022 година, тоа се далеку подобри резултати отколку што ги имаше националниот тим пред Саутгејт.

Очигледно дека второто последователно финале на европските првенства не беше доволно добар резултат за стандардите на селекторот. Тој меѓу редови најави дека ќе се пензионира доколку Англија не ја освои титулата во Германија, а потоа недвосмислено потврди дека ќе си го одржи ветувањето и покрај тоа што Фудбалската асоцијација објави дека ќе му биде понуден нов договор откако во четвртфиналето ја елиминира Швајцарија.

Медиумите на Островот се силно загрижени за името на наследникот на сега веќе поранешниот тренер, како фаворит се споменува уште еден Англичанец, Еди Хау од Њукасл јунајтед, иако се споменуваат и други имиња како Маурисио Покетино, Грем Потер и Томас Тухел.

Навивачите (но и некои новинари и уредници) имаат поинаква визија и велат: Доведете го Јирген Клоп!

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Родителите на бебето и медицинската сестра се смирија и си подадоа рака, случајот е затворен, рече Мемеди

Немало апсолутно никаква намера на медицинската сестра за нанесување повреда, туку тие модринки на раката настанале при процедурата земање венска...

Македонија36 минути

Обвинение за пет лица во предметот „Грчец“, за останатите постапката ќе продолжи по нивно обезбедување

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за...

Скопје56 минути

„Главниот град се гуши во смет, дали Скопје има градоначалник“, прашуваат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува остра реакција за нехигиената во главниот град, истакнувајќи дека насекаде се забележува отпад, од кој, поради...

Македонија1 час

Целосно ставен под контрола пожарот над Битола

Со целосна и континуирана ангажираност на екипите на ТППЕ Битола, поддршка од јавните претпријатија и дополнителна помош од Центарот за...

Македонија3 часа

Oбвинителството испитува неправилности во ЈСП по тврдењата дека автобусот заврши во жардиниера кај „Мавровка“ поради неисправност

Основното јавно обвинителство оформи предмет за настанот со автобусот на ЈСП кога возачот на 8 јули изгуби контрола, излета во лево...

Македонија4 часа

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ пронајден застрелан покрај автомобилот, до него имало пиштол

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ, вчера, со повреди на главата од оружје беше пронајден покрај автомобилот во Орман, со пиштол и патрон...

Македонија4 часа

Запленети 7.800 евра – македонски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата

Инспектори од Службата за мобилни скенери спречија нелегален изнес на девизи на граничен премин Блаце во износ од 7.800 евра,...

Свет5 часа

(Видео) „Ене го на покривот“ – нова снимка од атентатот на Трамп: очевидци покажуваат со прст кон напаѓачот и викаат кон полицијата

На снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како човекот кој во саботата се обиде да го убие Доналд Трамп,...

Македонија5 часа

Хрватска испраќа канадер за да и’ помогне на Македонија во справувањето со пожарите

Министерството за одбрана на Хрватска испраќа авион Канадер со два екипажи во земјава на помош, за да обезбеди хуманитарна помош...

Свет6 часа

Откриено што правел атентаторот на Трамп пред нападот

Четириесет и осум часа пред да отвори оган врз поранешниот претседател Доналд Трамп, 20-годишниот Томас Метју Крукс застанал неколкупати во...

Македонија20 часа

Пожарот над Радовиш навлезе во борова шума, а во близина има и викенд населба; „Се претвора во голем шумски пожар“, рече Ангелов

Пожарот што изби над Радовиш се претвора во голем шумски пожар, бидејќи огнот веќе навлезе во борова шума, информираше попладнево...

Македонија21 час

(Видео) „Ер трактори“ и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора ќе помогнат во гаснењето на пожарите

Денеска претпладне од Турција пристигнаа два „ер трактори“ и еден хеликоптер, кои веќе активно работат на терен. Во текот на...

Топ21 час

26-годишна девојка пронајдена почината на браната „Градче“

Синоќа во 20.13 часот во Полициската станица Кочани, од Јавното претпријатие „Водостопанство“ било пријавено дека на подножјето на браната „Градче“...

Македонија23 часа

Бешлиовска за тримесечното бебе со модринки: Со име и презиме да бидат прозвани сите што згрешија за овој случај

Здружението на медицинските сестри, техничарите, акушерките и стоматолошките сестри „За нас“ будно го следи случајот на тримесечното бебе со модринки...

Македонија23 часа

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до задутре ситуацијата со пожарите ќе се стави под контрола, пристигна помош од Турција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Општина Охрид, во врска...

Македонија1 ден

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“ даде согласност за воведување целосна забрана за движење...

Топ1 ден

(Видео) Кривична против тројца полицајци од ПС Центар за примање поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал...

Европа1 ден

Песков: Обидот за убиство на Трамп беше овозможен од неговите политички противници, Путин не планира да му се јави

Обидот за убиство на поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше овозможен од неговите политички противници, изјави портпаролот на Кремљ. „По...

Македонија1 ден

Спречен шверц на над 100 парфеми во вредност од 240 илјади денари

Над сто парфеми „Гисада“ во вредност од 240 илјади денари се запленети од страна на царинските службеници на влез на...

Македонија1 ден

„Мицкоски ја лаже јавноста, зошто не ги објави приватните сметки за патувањето на синот“, велат од СДСМ

„Мицкоски веќе два дена се крие и не одговара на прашањата на граѓаните и јавноста во однос на патувањето на...