Црна хроника
Кривична против 26 лица: испорачувале помалку нафта од онаа што ја наплаќале, го оштетиле буџетот на Штип за над 18 милиони денари
СВР Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријава против З.А.(51) од Неготино и Љ.П.(43) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против А.М.(40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, против Љ.Т.(41) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „фалсификување исправа“, против М.А.(62) од Штип и С.К.,(63) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против уште 20 лица од Штип, исто така, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. З.А. – одговорно лице во правно лице од Скопје и Љ.П. – сопственик на правното лице, кое се јавува како носител на јавна набавка за испорака на нафта за греење – екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1), распишана од општина Штип за потребите на градинките, основните и средните училишта под надлежност на општина Штип, од 2021 до 2023 година во 35 наврати испорачале многу помала количина на нафта од количината која што ја фактурирале и наплатувале од горенаведените установи.
Третопријавениот А.М. – вработен во општина Штип, со овластување од градоначалникот на општина Штип да врши прием, распределба и достава на нафта во установите, разликата од фактурираната количина и реално доставената количина, според оригиналните вагарски белешки евидентирани во електронскиот систем на вагата на терминал во Штип ја прикривале на тој начин што изготвувале лажни вагарски белешки, кои третопријавениот ги приложувал во општина Штип, во списите од предметот на јавната набавка. Четвртопријавениот Љ.Т. – возач на цистерната со која е доставувана нафтата, и покрај тоа што знаел дека се испорачува помала количина на нафта, изготвувал товарни листови со невистинити количини, со што им помагал на прво и второпријавените во дејствијата. Петтопријавениот М.А. – овластено лице за прием на нафта но општина Штип, не постапил согласно своите овластувања, односно пред и по источување на нафта кај корисниците, не вршел претварање на разликата на нафта од килограми во литри според коефициентот на густина на нафтата, евидентиран во Сертификатот кој му го приложувал четвртопријавениот. Шестопријавената С.К. – секретар на општина Штип, на 26.01.2021 година по распределба на нафта по јавните установи во општина Штип, била запознаена дека се појавувало разлика од помалку доставена нафта од онаа која што била наведена во записниците и испратниците. После тоа, таа со допис барала документ за точноста на вагата во терминалот во Штип, а откако била известена дека вагата е точна не презела никакви понатамошни мерки за корегирање на наведениот недостаток на нафта до носителот на јавната набавка.
Останатите 20 лица – М.К., М.А., В.Ќ., Б.С., И.М., Р.П., С.Д., Г.К., Д.М., К.Р., З.Ш., И.Г., Д.К., Д.Д., Т.А., Б.С., Т.Н., П.М., К.Н. и Б.Ќ., сите од Штип, во својство на одговорни лица за прием на нафта во јавните установи, при примањето на нафтата од возачот ја потпишувале испратницата без целосно да ја спроведат постапката за прием на нафта, односно мерење на висината на нивото на резервоарот пред и по источување и внесување на истите мерки во Записникот за измерено ниво нафта во резервоарот. Со ваквите дејствија на Буџетот на општина Штип била предизвикана штета во износ од 18.403.386 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

