Контакт

Спорт

(Видео) Мијатовиќ и Итуралде Гонзалес: Винисиус покажа немоќ, требаше да добие црвен картон

Објавено пред

Реал Мадрид синоќа со многу среќа и мала судиска помош успеа да го елиминира Лајпциг од Лигата на шампионите. Германскиот тим доминира среде Мадрид, но неговите играчи не знаеја да постигнат повеќе од еден гол.

dobivaj vesti na viber

Свирежите на „Сантијаго Бернабеу“ се најдобра илустрација како играше Реал против Лајпциг.

По мечот, се издвојува еден детаљ, кој на крајот се покажа како клучен за пласманот на Реал во четврт-финалето. Тоа е моментот во 54. минута кога судијата Давиде Маса не смееше или не сакаше да му покаже црвен картон на Винисиус Жуниор. Десет минути подоцна Бразилецот постигна гол.

„Морам да кажам една работа, замислете ако на првиот натпревар поништениот гол за Лајпциг беше поништен гол за Реал, сите ќе зборувавме дека УЕФА не нè сака и дека сите се против нас“, рече легендата на Реал, Предраг Мијатовиќ, и дополни.

„Нема никакво оправдување за тоа што го направи Винисиус. Во ова натпреварување кога го носиш овој дрес, таквото однесување е недозволиво. Особено затоа што така реагира бидејќи дотогаш беше немоќен, па фрустрацијата од својата лоша игра ја претвори во агресија поради што тимот можеше да остане со фудбалер помалку на теренот“.

Итуралде Гонзалес, поранешен меѓународен судија, а сега судиски стручњак за „Ас“, исто така е на ставот дека Бразиелцот требало да биде исклучен.

„Винисиус требаше да биде исклучен. Или да добие два жолти картона – едниот за прекршокот, а другиот за фаќање на противникот за врат, или требаше да добие црвен картон затоа што со двете раце го фати противникот за врат. Судиите му помогнаа на Реал, требаше да останат со играч помалку по ваквото однесување на Винисиус. И потоа тој што требаше да биде исклучен даде гол“.

Со ова се согласува и Томаш Ронсеро, заменик-уредник на „Ас“ и жесток навивач на Реал: „Судиите згрешија во оваа ситуација“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Сенегал е шампион на Африка – Брахим Дијаз трагичар, Папе Геј херој

Објавено пред

Сенегал ја освои титулата на Африканскиот куп на нации. Во финалето, кое долго ќе се прераскажува, Сенегал го победи домаќинот Мароко со 1:0, со голот на Папе Геј во 94.минута. Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, а го обележа пеналот што го промаши Брахим Дијаз во 90+23 минута од судиското надополнување.

dobivaj vesti na viber

Сенегал, по 2021 година повторно е шампион на Африка. Мароко ќе почека на втората титула, првата ја освои пред 50 години.

Натпреварот со многу интензитет, две добри шанси за Сенегал, во првото и исто толку за Марако, во второто полувреме, на крајот мина во сенка на она што се случуваше во судиското надополнување на времето.

Најпрвин главниот судија му поништи гол на Сенегал во 93.минута, а потоа во 97-та, по интервенција од ВАР собата, Мароко доби пенал.

Сенеглаците лути од одлуката, на повик на селекторот го напуштија теренот, но не сите. Најискусниот и најдобриот Садио Мане не го послуша селекторот. Ги повика соиграчите да се вратат…А откако се вратија, топката ја зеде Брахим Дијаз, се обиде со „паненка“, но ударот беше толку лош, што буквално му ја додаде топата на голманот Менди.

Казната за промашениот пенал стигна во четвртата минута од првото продолжение, кога играчот на Виљареал, Папе Геј, од 15 метри ја закова топката зад грбот на Бону.

Шампионскиот гол можете да го погледнете Овде.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Лазаров: Не знам дали можам да кажам што ми е на ум, морам да внимавам да не навредам некого

Објавено пред

Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено 29:29 против Португалија во натпреварот од 2. коло од Групата Б на Европското првенство, освојувајќи бод во драматична завршница.

dobivaj vesti na viber

Македонија го освои првиот бод на ЕП и ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Во вторник, во последното коло во групата, Македонија ќе ира против Романија, а Португалија за пртивник ќе ја има Данска.

„Не знам дали можам да кажам што ми е на ум бидејќи морам да внимавам да не навредам некого. Ние сме мала земја и сме многу деградирани! Не барам алиби, но самите видовте што се случува. Ќе ни биде многу тешко да се справуваме со вакви работи во иднина. Јавноста не нè сака, не нè поддржува, но тоа е она што ме движи во оваа работа“, рече селекторот Кирил Лазаров.

Потоа им честиташе на своите играчи за она што го покажаа против полуфиналистите на претходното Светско првенство.

„Од срце им честитам на моите играчи за она што го покажаа против полуфиналистите од претходното првенство. Во првото полувреме загубивме многу играчи, сите наши концепти се распаднаа и се создаде хаос. Се обидовме да го средиме тоа за време на паузата и некако најдовме доботна формула“, заклучи Лазаров.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Херојска борба во Хернинг – Македонија ремизираше со Португалија

Објавено пред

Македонија одигра нерешено со Португалија 29:29 (13:15), во второто коло на Европското првенство во ракомет.

dobivaj vesti na viber

Македонија, предводена од капитенот Филип Кузмановски, ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Покрај капитенот, херој е и голманот Томовски кој одбрани два зицери во 20 секунди, кога Португалците напаѓаа за победа.

Жестока борба водеа Македонија и Португалија во текот на целиот натпревар, во арената во Хернинг.

Водеше Македонија на стартот со 4:2, Португалија се врати во мечот и се до финишот на полувремето се играше реиси гол за гол.

Финишот на првиот и почетните четири минути од второот полувреме беа лоши за Македонија. Во тој период Португалците постигнаа пет гола.

До крајот на мечот Македонија ја бркаше предноста на ривалот, а на четири минути до крајот резултатот беше 26:26. Во реостанатото време двата тима постигнаа по три гола, штета што избраниците на Кире Лазаров не добија шанса да имаат напад за победа.

Кузмановски го предводеше македонскиот тим со 15 голови, на споритвнат страна се истакна Кико Кошта со 11.

Во последното коло, во вторник, Македонија ќе игра против Романија, а Португалија против Данска.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет7 часа

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија8 часа

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија9 часа

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ10 часа

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија11 часа

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Македонија14 часа

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет14 часа

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет15 часа

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија1 ден

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија1 ден

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ1 ден

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија2 дена

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет2 дена

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет2 дена

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт2 дена

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет2 дена

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет2 дена

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија2 дена

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...