Црна хроника
Расчистени три разбојништва и една кражба, поднесени кривични пријави против четири лица во Скопје
СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против E. С. и Ј. С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела разбојништво казниви по член 237 од Кривичниот законик. Пријавените ги сториле делата на 26.1., 13.2. и на 1.3.24 во продажни објекти на подрачјето на општина Аеродром, при што со закана кон вработените одзеле пари од дневните промети.
СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против И. Ш. и Ј. А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојничка кражба казниво по член 238 од Кривичниот законик. На 27.2 2024 во кругот на приватна фирма на подрачјето на Драчево пријавените одзеле предмети, а кога биле забележани од две лица, физички нападнале едно од нив по што со возилото удриле во тоа на лицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен државјанин на Турција, криумчарел мигранти
Денеска во 04.00 часот кај село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Т.Н.Ј. од Република Турција.
При преглед во возилото „дачија дастер’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 15 лица мигранти, од кои шест малолетници.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Претрес во Кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми
Вчера во 10.00 часoт во село Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 30-годишниот К.С. од селото Романовце, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.