Црна хроника
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето, фалсификување службена исправа и проневера во службата
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Т. М. (58) од село Дрвош, општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето, фалсификување службена исправа и проневера во службата.
На 3.3.2024 на местото наречено Боровите, атар на селото Колешино, Струмичко, полициски службеници од СВР Струмица затекнале две товарни возила „застава“, со струмички регистарски ознаки, во кои биле превезувани огревни дрва. Извршен бил увид и во координација со Шумската полиција – Струмица било утврдено дека дрвата се нежигосани и без соодветна документација по што со возилата биле одземени.
Во службен разговор во полициска станица лицата што ги управувале возила изјавиле дека огревните дрва ги имаат набрано со знаење и усно одобрение на пријавениот Т. М., вработен како референт за дотур и сеча во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – подружница „Беласица“ – Струмица за што требало да му дадат паричен надомест од 12.000 денари за секое натоварено товарно возило.
Исто така, на 3.3.2024 пријавениот во име на друго службено лице вработено во јавното претпријатие извршил пополнување на дозвола за сеча и дотур на огревни дрва за две лица од Струмичко. За овие дотури на огревни дрва, по извршената продажба, двете лица на Т. М. требало да му дадат по 12.000,00 денари за секое натоварено товарно возило. При увид во дворните места на лицата во село Куклиш и село Банско биле пронајдени огревни дрва, од кои поголем дел бил нежигосан. Дрвата и возилото, со кое бил вршен транспортот, биле одземени.
Со ваквите дејства пријавениот му предизвикал штета на Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница „Беласица“ – Струмица во висина од 186.200 денари. Тој бил лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

