Контакт

Македонија

Димитриевски: Оваа владејачка структура сè повеќе потсетува на режимот на бегалецот Груевски, и методите се исти

Објавено пред

Претседателот на Движењето Знам – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска одржа вонредна прес-конференција на која потенцира дека повод за неа е веќе виденото сценарио што и претходно во многу наврати беше применето кон него и кон неговите истомисленици, а во моменти на предизборни и изборни активности во кампања.

dobivaj vesti na viber

Димитриевски притоа додаде:

„Имено, во овој случај само се потврдува досега многу пати повтореното тврдење дека власта преку своите сателити инсталирани во судско-обвинителската власт, креира неосновани случаи, го злоупотребува правниот систем, во случајов Обвинителството, а во одредени моменти и дел од судиите на Уставниот суд, за да креира неосновни кривични пријави за наводна злоупотреба на службената положба и овластување од моја страна како актуелен градоначалник на Општина Куманово“.

Тој потенцира дека не е случајно, што токму во овој момент, кога е номиниран за кандидат за Претседател на Македонија од политичката партија Движење ЗНАМ-За наша Македонија, поддржан од над 11.500 потписи на граѓаните, се изнудува и креира неоснован обвинителски предлог од страна на ОЈО Куманово и обвинителот Иса Сулејмани, за кого претходно од неговиот адвокатски тим е побарано изземање од постапката поради пристрасност и селективно постапување во предистражна постапка.

„Градба на локација во Куманово во самата близина на Здравствениот дом Куманово или Школски диспанзер и дополнително на гимназијата „Гоце Делчев“. Ова е прв пат, кога обвинителството го штити приватниот, а не јавниот интерес, а овој обвинителен акт е само уште една потврда за таквото однесување“, рече Димитриевски и додаде: „За жал, оваа владејачка структура се повеќе потстетува на режимот на бегалецот Груевски, бидејќи и методите се исти, дури и многу пософистицирани, иако во одреден период заедно со дел од нив се боревме против истиот тој режим“.

„Сакам да им порачам на сценаристите и режисерите на овој монтиран случај дека не постои сила, ниту цена која може да ме оттргне од мојот трасиран пат, да ги бранам државните, националните и интересите на сите граѓани не само на Куманово, туку и на Македонија. Напротив, за мене ова е дополнителен поттик да бидам уште поуверен во сопствените ставови, во ставовите на моите истомисленици и да ја истуркам оваа борба до крај. Се со единствена цел да се оневозможи на никој поединец во државата да му се случува вакво нешто“, рече Димитриевски.

Запрашан за што конкретно станува збор Димтиревски рече:

„Се работи за предмет којшто се води пред Основното јаввно обвинителство Куманово, во кое што еден од подносителите на кривичната пријава е всушност и потврден спонзор на една од актуелните партии во власта, којшто има личен интерес, да изгради станбен објект со катност од 11 спрата. Во општината согласно законите се води управна постапка, а јас бев претходно известен од страна на две јавни институции, гимназијата „Гоце Делчев“ и Школската амбуланта Куманово – Здравствен дом Куманово дека им е загрозен јавниот интерес, при што јас како градоначалник сум должен во вакви постапки истото да го проверам и доколку се потврди дека е загрозен јавниот интерес, тоа да го спречам.

Во овој случај постои стручно мислење кое го потврдува јавниот интерес. Врз мене во континуитет се вршат различни форми на притисок за да се обезбеди градежна дозвола за изградба. Во овој случај за жал има инволвирано и лица, носители на највисоко ниво на функции во државата.

Во овој случај обвинителот којшто има поднесено поднесок против мене до Кривичниот суд во Куманово, всушност постапува целосно пристрасно, иако има поднесено барање за негово изземање од предметот, бидејќи селективно и нереално ја утврдил фактичката состојба, истиот согласно законот мора да сопре со сите дејствија против мене. Сепак тој истиот своеволно поднесува обвинителен поднесок, со цел да ми наштети лично мене, како и на субјектот Движење ЗНАМ За наша Македонија, со кој заедно настапуваме на претстојните избори“.

Димитриевски рече дека не може да ги објави имињата на функционерите бидејќи смета дека може да ги загрози идните можни кривични постапки, кои од негова страна, а и по службена должност, ќе бидат водени против овие лица.

За сите овие случувања известени се нашите стратешки партнери и пријатели ЕУ, САД и сите дипломатски претставници и меѓународните организации во Македонија, додава тој.

Македонија

Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар

Објавено пред

Од

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар.

dobivaj vesti na viber

„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар

Објавено пред

Од

Во акциска контрола за сузбивање на нелегална продажба на пиротехника се одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар, следува соодветна пријава, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Денеска (08.12.2025) полициски службеници, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7.107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги.

Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

„И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника. Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Гужви на границите, Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Објавено пред

Од

Од 11:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез. На ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите, вели Манасиевски

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и...

Македонија3 часа

(Видео) Кузеска: Го следиме трагот на парите, Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ

Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е...

Свет5 часа

Зеленски: Преговорите со Америка не се лесни

Разговорите со американските претставници за мировниот план за Украина беа конструктивни, но не и лесни, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Свет5 часа

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот...

Македонија6 часа

(Фото) Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица

Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица. Според информациите на...

Македонија6 часа

Авионско фрлање на мамки против беснило: граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа

Агенцијата за храна и ветеринарство започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста...

Македонија6 часа

Сиљановска-Давкова: Имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, вклучително и кон лични и колективни трагедии

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, којашто под нејзино покровителство се...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска демантираше дека Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија предвидува изградба на...

Македонија1 ден

(Фото+видео) Ивановски: Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје

„Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје“ – објави на ФБ, директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски....

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

„Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, пренесуваат дека Владата на Мицкоски...

Топ1 ден

Притвор за неготинчанец кој со закани со нож принудил жена на полови дејствија, ја снимал и барал пари да не го објави видеото

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични...

Свет1 ден

(Видео) Масовен руски напад врз Кременчук – делови од градот останаа без струја, вода и греење

Русија синоќа изврши масовен ракетен и дрон-напад врз украинскиот град Кременчук. Според украинските воздухопловни сили, експлозии биле забележани околу 1:30...

Свет1 ден

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Гоа, Индија

Најмалку 25 лица загинаа, а повеќемина се повредени во тежок пожар што околу полноќ го зафати популарен ноќен клуб во...

Свет2 дена

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Заштитната обвивка изградена за да спречи ширење на радијација од нуклеарната централа Чернобил мора итно да се поправи откако беше...

Македонија2 дена

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Во 21 век, историското наследство не може да биде изговор за застој. Напротив, тоа е најсилен мотив државата да биде...

Македонија2 дена

Орбан: ВМРО стана една од најуспешните политички сили во Европа, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој

Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки за како што велат, достигнувањата на партијата кои ги имаше во последните...

Македонија2 дена

Тошковски доби опомена од „Сејф сити“ – возел со 1 километар на час над дозволената брзина

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека добил порака за сторен сообраќаен прекршок од „Сејф сити“. „Утрово,...

Македонија2 дена

Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија

„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија...

Македонија2 дена

(Видео) Димитријевиќ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра

Опозициската СДСМ денеска обвини дека семејната фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, која го менувала името, добила 161 тендери...

Македонија3 дена

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира по објавите на британските медиуми и СДСМ дека Владата подготвува договор со Обединетото Кралство за отворање центар...