Економија
Николовски: Од 2017 година до денес, сме поддржале 1.700 жени земјоделки со над 1,1 милијарди денари
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во селото Тимјаник, општина Неготино, во пресрет на меѓународниот ден на жената 8 март оствари средба со успешни жени земјоделки, мали производители на храна и сопственички на мали винарии, членки на Националната Федерација на фармери.
„Примете ја мојата почит и искрена восхит за вештината со која го „туркате“ животот во добро и во зло. Вие сте тие кои знаат да направат баланс, да смислат и да остварат невозможно, да креираат и успешно да реалзираат или што би рекле народски „жената знае од едно да направи- две“, истакна министерот Николовски.
Жените земјоделки се во фокусот на мерките и политиките на министерството сите овие изминати години, а Националната Федерација на фармери искрен партнер со кој заедно ги унпаредуваме правата и статусот на жената земјоделка, додаде тој.
Во 2018 година, преку потпишувањето на Декларацијата за подобрување на еконосмкиот статус на жените од руралните средини, остваривме значителен исчекор во делот на економско јакнење на руралните жени, ставајќи посебен акцент на жените земјоделки. Наша заедничка заложба преку оваа Декларација е подобрување на економската и социјална положба на жените во руралните средини.
Токму во остварувањето на нашите заложби посебен придонес даде мерката за поддршка на руралната жена, поддржувајќи ги жените од руралните средни, развивајќи ги нејзините претприемачки способности, но и овозможувајќи им на жените во руралните средни лидерство во семејното земјоделско стопанство, нагласи Николовски.
Според него, досега околу 1.700 жени земјоделки добиле финансиска поддршка по разни мерки во вредност од над 1,1 милијарди денари, а 320 жени добиле грант за мерката „Рурална жена“.
За само две години се доделени 67 грантови на жени земјоделки, преку програмите за поддршка на малите производители во вредност од 37 милиони денари. Од кои 36 жени добиле грант за производство на храна од неживотинско, 3 жени грант за храна од животинско потекло, 25 жени се добитници на грант за мали винарии, а 3 жени за мали дестилерии.
Кај мерката бизнис план поддршка добиле 115 жени земјоделки. Со поддршка во набавка на опрема и механизација се поддржани 626 жени во набавка на трактор, 12 во набавка на комбајн за ориз, 7 во набавка на комбајн за жито, 111 во набавка на системи капка по капка, 158 жени во набавка на педигриран добиток, 12 во набавка на силоси и 10 за набавка на опрема за тутун.
290 жени оствариле право и добиле грант преку мерката млад земјоделец.
„Продолжуваме заедно да го унапредуваме и развиваме правото и стаусот на руралната жена, со уште поголема поддршка и внимание кон жената земјоделка“, нагласи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

