Економија
Ковачевски: Откупот на тутун заврши со историски највисока откупна цена од 365 денари, со правилните политики на СДСМ
Просечната откупна цена на тутунот од 2017 година до сега постојано расте, што е доказ дека политиките на СДСМ даваат резултат, порача претседателот на СДСМ, при денешната посета на Прилеп, во рамки на која имаше средба со тутунопроизводителите од прилепскиот регион. На средбата се разговараше за резултатите од завршениот откуп на тутун, сегашните и идните мерки за развој на тутунопроизводството.
„За оваа реколта, со одлука на Влада, се даде можност Управниот одбор на Тутунскиот комбинат Прилеп да ја зголеми почетната цена од 300 денари за килограм за дополнителни 10%. Затоа, откупот за 2023 година завршува со висока просечна цена од 365 денари за килограм. Ова е историски највисока откупна цена на тутун. Со ова ќе го потврдам со еден друг податок. Во 2014 година просечната откупна цена беше 117 денари за килограм, сега имаме за 212% повисока откупна цена “, рече Ковачевски.
Посочи дека примарна цел на Владата предводена од СДСМ е парите да се враќаат кај граѓаните, кај земјоделците.
„Денес не се трошат буџетски средства за гипс и бронза, за врби во Вардар, за стиропори за секакви други измислени работи, туку напротив се користат за поддршка на земјоделците и поддршка на сите други групи на граѓани. Денес, нема партиски списоци за поделба на субвенциите“, рече Ковачевски.
Презентирајќи ги мерките за тутуно-производството, потенцираше дека позитивните бројки за овој сектор, се резултат на правилните мерки односно новиот модел на субвенции што го воведе Владата предводена од СДСМ.
„До 2016 година, имаше еден вид на субвенција за тутунот во износ од 60 денари по килограм тутун, и тоа беше за сите класи. Со СДСМ таа поддршка се зголеми. Оваа година субвенцијата за тутун ја зголемуваме за 20 денари за сите класи. Да посочам дека годинава скоро целиот откупен тутун е прва класа“, потенцираше Ковачевски, додавајќи дека исплатата на субвенциите, ќе биде согласно предвидени рокови. крајот на март или почеток на април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

