Црна хроника
Кривична против вработени во Шумската полиција – Валандово и „Национални шуми“ за злоупотреба на службената положба и попречување на правдата

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.И.(55) од Валандово, И.Д.(50) од село Собри, валандовско, К.М.(51) од село Удово, валандовско, тројцата вработени во Шумска полиција Валандово, против Ј.И.(55) од село Брајковци, валандовско и Д.Д.(38) од Валандово, двајцата вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница „Саланџак“ Валандово и Т.Џ.(57) од село Костурино, струмичко. Пријавените Ѓ.И., Ј.И., И.Д. и Д.Д. се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „попречување на правдата“ по чл.368 -а, пријавениот К.М. дека сторил кривично дело „попречување на правдата“ по чл.368 – а, а пријавениот Т.Џ. дека сторил кривично дело „помагање“ во врска со кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
„На 29.02.2024 на патот од село Орманли кон село Костурино, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица затекнале трактор со приколка на која имало натоварено нежигосани огревни дрва, кој го управувал И.Д. од село Собри, а пред него во пaтничко возило на Шумска полиција биле затекнати пријавените Ѓ.И., Ј.И., Д.Д. и сопственикот на тракторот Т.Џ.. Притоа, од лицата била побарана соодветна документација за дрвата кои ги превезуваат, нa што од Ѓ.И., И.Д. и Ј.И. им било одговорено дека немаат документација и дека ги пронашле во запуштена куќа на планината“, соопшти МВР.
„До доаѓањето на увидната екипа на местото, пријавените Ѓ.И., И.Д. и Ј.И. изготвиле потврда за привремено одземени предмети без број и датум, а во описот напишале дека дрвата биле одземени од непознат сторител. Тие изготвиле и записник без број и датум. По преземени мерки и активности било утврдено дека пред да бидат затекнати од полициските службеници, пријавените Ѓ.И., И.Д., Ј.И. и Д.Д. со возилото на Шумска полиција, а пријавениот Т.Џ. со трактор отишле во двор на жител на село Орманли, каде затекнале бесправно исечени огревни дрва, кои ги одзеле и натовариле на тракторот, без притоа на лицето да му издадат соодветна документација. Во разговорот со жителот на село Орманли, тој појаснил дека во последната година на ист начин од дворното место во три наврати му биле одземани огревни дрва од вработени во Шумска полиција и за тие случаи, исто така, не му издавале документ за одземање, со изговор дека не му даваат документи бидејќи нема да му напишат казна.
Истиот ден, тракторот бил однесен во шумски склад во Струмица, дрвата биле растоварени, а во моментот кога лицата биле информирале дека тракторот ќе биде одземен, пријавените Ѓ.И., Д.Д., Ј.И., Д.И. и М.К. агресивно се однесувале кон полициските службеници и ги попречувале во извршување на дејствијата“, се додава во соопштението на МВР.
За сите преземени дејствија бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на настаните против лицата е поднесена кривичната пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Истрага против четири лица за препродавање на дрога

По повеќемесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден во координација со предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единиците на МВР спроведоа акција на повеќе локациии низ Градот Скопје. При претресите е пронајдена количина на наркотични дроги – кокаин и марихуана, а во домот на еден од осомничените се пронајдени и куршуми за пиштол, за чие набавување и поседување е потребно одобрение и дозвола за поседување.
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, а еден од осомничените сторил и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од чл.396 ст.3 од Кривичен законик.
Осомничените од февруари до октомври годинава се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога-кокаин и наркотична дрога – марихуана. За таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластената продажба на наркотичната дрога така што првоосомничениот неовластено ја набавувал, ја пренесувал и сокривал на безбедна локација на подрачје на Скопје. Потоа дел од неовластено набавената наркотична дрога ја предавал на останатите осомничени лица кои секој посебно преземал дејствија за неовластена продажба, продавајќи ја по 4.000,оо денари за 1 грам кокаин и по 500,оо денари за 1 грам марихуана.
Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог оваа мерка да биде определена спрема сите осомничени.
Црна хроника
Претреси во Скопје, пронајдена дрога и муниција, уапсени четири лица

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, спроведе акција на повеќе локациии низ Скопје. При претресите пронајдени се наркотични дроги – кокаин и марихуана, а во домот на еден од осомничените се пронајдени и куршуми за пиштол.
МВР поднесе кривична пријава до ОЈО ГОКК против Н.Г (29), Б.П. (27), Д.Б. (24) и Ф.С.(30) сите од Скопје заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции“ од член 215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, а против Ф.С. и за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ од член 396. ст.3 од Кривичен законик.
Осомничените од февруари до октомври годинава се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога-кокаин и наркотична дрога – марихуана. За таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на наркотична дрога така што првоосомничениот неовластено ја набавувал, ја пренесувал и сокривал на безбедна локација на подрачје на Скопје. Потоа дел од неовластено набавената наркотична дрога ја предавал на останатите осомничени лица и секој посебно преземал дејствија за неовластена продажба, продавајќи ја по 4.000 денари за 1 грам кокаин и по 500 денари за 1 грам марихуана.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист од Радовиш, бил удрен од „мерцедес“

Вчера околу 11:15 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од 68-годишниот Д.М. од Радовиш и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.А.(36) од Радовиш.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.