Црна хроника
Од двор одзеле бесправно исечени дрва, кривична пријава за неколку лица од Валандовско
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.И.(55) од Валандово, И.Д.(50) од село Собри, валандовско, К.М.(51) од село Удово, валандовско, тројцата вработени во Шумска полиција Валандово, против Ј.И.(55) од село Брајковци, валандовско и Д.Д.(38) од Валандово, двајцата вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница „Саланџак“ Валандово и Т.Џ.(57) од село Костурино, струмичко.
Пријавените Ѓ.И., Ј.И., И.Д. и Д.Д. се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „попречување на правдата“ по чл.368 -а, пријавениот К.М. дека сторил кривично дело „попречување на правдата“ по чл.368 – а, а пријавениот Т.Џ. дека сторил кривично дело „помагање“ во врска со кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На 29.02.2024 на патот од село Орманли кон село Костурино, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица затекнале трактор со приколка на која имало натоварено нежигосани огревни дрва, кој го управувал И.Д. од село Собри, а пред него во пaтничко возило на Шумска полиција биле затекнати пријавените Ѓ.И., Ј.И., Д.Д. и сопственикот на тракторот Т.Џ..
Притоа, од лицата била побарана соодветна документација за дрвата кои ги превезуваат, нa што од Ѓ.И., И.Д. и Ј.И. им било одговорено дека немаат документација и дека ги пронашле во запуштена куќа на планината.
До доаѓањето на увидната екипа на местото, пријавените Ѓ.И., И.Д. и Ј.И. изготвиле потврда за привремено одземени предмети без број и датум, а во описот напишале дека дрвата биле одземени од непознат сторител.
Тие изготвиле и записник без број и датум. По преземени мерки и активности било утврдено дека пред да бидат затекнати од полициските службеници, пријавените Ѓ.И., И.Д., Ј.И. и Д.Д. со возилото на Шумска полиција, а пријавениот Т.Џ. со трактор отишле во двор на жител на село Орманли, каде затекнале бесправно исечени огревни дрва, кои ги одзеле и натовариле на тракторот, без притоа на лицето да му издадат соодветна документација. Во разговорот со жителот на село Орманли, тој појаснил дека во последната година на ист начин од дворното место во три наврати му биле одземани огревни дрва од вработени во Шумска полиција и за тие случаи, исто така, не му издавале документ за одземање, со изговор дека не му даваат документи бидејќи нема да му напишат казна. Истиот ден, тракторот бил однесен во шумски склад во Струмица, дрвата биле растоварени, а во моментот кога лицата биле информирале дека тракторот ќе биде одземен, пријавените Ѓ.И., Д.Д., Ј.И., Д.И. и М.К. агресивно се однесувале кон полициските службеници и ги попречувале во извршување на дејствијата. За сите преземени дејствија бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на настаните против лицата е поднесена кривичната пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

