Спорт
(Видео) Спектакуларен гол на Санабрија – Торино освои бод против Наполи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/214453144-da0d6b28-82ab-4de8-ae8c-5fa4f9374bff.jpg)
Наполи ремизираше со Торино (1:1) во првиот натпревар од 28.коло во Серија А. Дуелот на „Диего Армано Марадона“ стадионот беше решен во периодот од 61. до 64.минута, кога беа постигнати двата гола. Наполи осана на седмото место со 44 бода, Торно е на 10 место со 38.
Победата на Наполи му ја „украдоа“ голманот на Торино, Вања Милинковиќ-Савиќ, кој имаше неколку изворедни интервенции и Тони Санабрија кој постигна фантастичен гол.
Кварацхелија му донесе предност на Наполи во 61.минута, но само три минути подоцна Санабрија со ножички го постави конечниот резултат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/NOVAK-NOVOO.jpg)
Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето победувајќи го Данецот Холгер Руне со 3-0 во сетови – 6:3, 6:4, 6:2. Натпреварот траеше два часа и три минути.
Четвртата победа на Новак Ѓоковиќ над Холгер Руне, трета во низа во шест меѓусебни дуели, изгледа никогаш не била полесна.
Данецот, кој пред една година беше четврти тенисер во светот, а сега е на 15.место, не покажа дека се уште е блиску до враќање меѓу првите десет во светот. На Ѓоковиќ повеќе му пречеле „стомачни проблеми“ отколку Руне.
Надмоќта во дуелот беше означена преку серија од 12 поени на самиот почеток за експресни 3:0.
На почетокот на вториот сет Ѓоковиќ почна да го држи стомакот, но не се работеше за повреда на мускулот, туку за потреба да оди во соблекувалната.
Тоа е и периодот на најдоброто издание на Руне. Само што Новак се врати од брејкот во соблекувалната, следуваше брејк за 4:2 во вториот сет.
Ѓоковиќ пропушти дури шест брејка и воедно постави поени во деветтиот гем за предвреме да го заврши вториот сет. Тоа не го поколеба, но ја искористи седмата сет-поен на свој сервис за да го удвои водството.
Интензитетот на вториот тенисер во светот не се намали ниту во третиот сет, бидејќи веќе во првиот гем стигна до третиот брејк во мечот.
Пресвртот се случи во седмиот гем од третиот сет, кога Ѓоковиќ дојде до недостижна предност од 5:2 и рутинска завршница.
Негов ривал во четвртфиналето ќе биде Австралиецот Алекс де Минор, кој го совлада Французинот Артур Фис со 3:1, по сетови 6:2, 6:4, 4:6, 6:3.
Спорт
(ВИДЕО) Дарио Шариќ и Ивица Зубац во центарот на вниманието
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ZUBATS.jpg)
Американските медиуми прикажаа видео од тепачката во која учествуваа Дарио Шариќ и Ивица Зубац.
Хрватските медиуми први објавија дека дошло до голема тепачка во ноќен клуб во Грција и дека учесници биле Дарио Шариќ и Ивица Зубац.
Американскиот таблоид „ТМЗ“, прв го доби видеото од големата борба.
Јасно се гледа дека во тепачката учествуваат двајцата кошаркари.
Ivica Zubac & Dario Saric were involved in a bar fight 😳
(Via @TMZ_Sports )
— NBACentral (@TheDunkCentral) July 8, 2024
Спорт
Дешан: Ако Франција е здодевна, гледајте нешто друго!
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Didije-Desan-photo-AP-Photo-Hassan-Ammar.jpg)
Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидиер Дешан изјави дека не го интересираат критиките за неговата репрезентација дека игра „досаден“ фудбал.
Франција утре во Минхен ќе игра против Шпанија во полуфиналето на Европското првенство во Германија.
Тоа ќе биде дуел на репрезентации со различни стилови на игра и според рејтинзите, дуел помеѓу репрезентација која игра „досадно“ – Франција и репрезентација која игра „интересен“ фудбал – Шпанија.
Шпанија ги доби сите пет натпревари на Европското првенство во Германија .
Шпанија постигна најмногу голови на турнирот – 11, а Франција се уште нема постигнато гол од поле, туку еден од пенал и два автогола на противникот.
„Ако ви е досадно со нас, можете да гледате нешто друго, не е важно“, изјави Дешан на прашањето за критиките упатени кон неговиот тим.
“Ова е специфично Европско првенство, со помалку голови од вообичаеното. Имаме шанса да ја израдуваме Франција, во деликатна ситуација за нашата земја. Ако на другите им е досадно, мене не ми е гајле”, додаде францускиот селектор.
Дешан денеска одбележа 12 години како селектор на Франција, со која го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, а второто место четири години подоцна во Катар.
Ја освои и Лигата на нации во сезоната 2020/2021, а во 2016 година беше финалист на Европското првенство.
Имаше успешна играчка кариера, а со репрезентацијата го освои Светското првенство во 1998 година и две години подоцна Европското првенство.