Спорт
(Видео) Баерн го демолираше Мајнц, Лајпциг со Елмас рутнски го победи Дармштад
Домаќините победија на три од четири натпревари во попладневниот термин во Бундес лигата. Стрелците беа ефикасни, постигнаа 18 голови, половина од нив „паднаа“ на дуелот Баерн-Мајнц.
Бесот за лошите партии во претходните неколку натпревари во Бундес лигата, фудбалерите на Баерн го истируја врз Мајнц, кој полека тоне кон втората лига.
Баерн го победи Мајнц со 8:1. Хет-трик постигна Хари Кејн, два пати прецизен беше Леон Горецка, а по еден гол постигнаа Џамал Мусиала, Томас Милер и повратникот во тимот, по долгата пауза поради повреда, Серж Гнабри.
Лајпциг рутински го совлада Драмштад со 2:0. Првиот старт во дреост на Лајпциг го забележа Ељиф Елмас. Македонскиот репрезентативец ги одигра првите 45 минути.
Лајпциг до предност дојде со авто-голот на Ипервуд, а замената за Елмас, Австриецот Баумгартнер во 50.минута го постави конечниот резултат.
Аугсбург го победи Ханденхајм со 1:0, а во натпревар преполн со пресврти Борусија Менхенгладбах и Келн одиграа 3:3. Келн два пати водеше со 0:1 и 1:2, на крајот успеа да извлече реми 3:3.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тепачка меѓу „Давид и Голијат“, малиот Алварадо го нападна големиот Вилијамс
Кошаркарите на Феникс ја продолжија добрата серија во Њу Орлеанс, каде што ги победија Пеликанс со 123:114.
Резултатот остана во сенка на инцидентот на паркетот, физичката пресметка меѓу Марк Вилијамс и Хозе Алварадо.
Клучниот момент од натпреварот се случи две минути пред крајот на третата четвртина.
По еден блок, бекот на Пеликанс, Хозе Алварадо, кој е висок 183 см, го изгуби трпението и го нападна значително поголемиот центар на Феникс, Марк Вилијамс, кој е висок 216 см.
За разлика од вообичаените НБА инциденти, овој пат летаа и тупаници. Изгледаше како судир „Давид и Голијат“.
За секунда, играчите на двата тима се вмешаа, настана хаос, а судиите ги испратија двајцата актери во соблекувалната.
Jose Alvarado vs. Mark Williams throwing punches. 😳
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 28, 2025
Спорт
(Видео) Нов трипл-дабл на Јокиќ, Мареј промаши за победа во Орландо
Никола Јокиќ се доближи до Оскар Робертосн, на листата на играчи со најмногу трипл-дабл натпревари во историјата на лигата. Јокиќ, во поразот од Орландо 126:127, го запиша 180-тиот трипл дабл во кариерата, Робертосон на второто место има 181.
Денвер, без тројца стартери, повторно загубија на домашен терен (деветти пораз во сезоната), откако уште еднаш испуштија голема предност. Водеа со 14 поени на полувремето, а во последната четвртина влегоа со предност од девет поени.
Јокиќ натпреварот го заврши со 34 поени, 21 скок и 12 асистенции. Го следеа Џамал Мареј, кој го промаши последниот шут со 24 поени и Тим Хардавеј Џуниор со 20.
Кај Орландо се истакнаа Ентони Блек со 38 и Дезмонд Бејн со 24 поени.
Резултати:
Сакраменто – Далас 113:107
/Вестбрук и Елис 21, Флег 23/
Орландо – Денвер 127:126
/Блек 38, Јокиќ 34/
Њу Орлеанс – Феникс 123:114
/Букер 20 – Марфи 24/
Атланта – Њујорк 125:128
/Оконгву 31, Таунс 36/
Мајами – Индијана 142:116
/Хејкс и Вигинс 28, Сиакам 33/
Чикаго – Милвоки 103:112
/Вучевиќ и Вајт 16 – Адетокунбо 29/
Хјустон – Кливленд 117:100
/Дурант 30, Тајсон 23/
Минесота – Бруклин 123:107
/Томас 30, Едвардс 28/
Сан Антонио – Јута 114:127
/Марканен 29 – Вембањама 32/
Фото/ Принтскрин
Спорт
За да не ја активира клаузулата, Левандовски морал да престане да постигнува голови
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е еден од најдобрите голгетери на сите времиња, но на крајот од сезоната 2022/2023 во Барселона мораше да престане да постигнува голови, за неговиот клуб да не мора да му плаќа надомест на Баерн. Ова го откри авторот Себастијан Сташевски во биографијата што ја напиша во соработка со Левандовски.
„Бев свесен за ситуацијата во клубот. Во тој момент Барса гребеше за секое евро. Финансиски тоа не ме погоди, немав никакви проблеми со тоа. Но, постојано се прашував дали треба да постигнам гол или не.“
На почетокот на гореспоменатата сезона, Левандовски се пресели од Баерн во Барселона за 45 милиони евра. Тој имаше клаузула во договорот според која Барселона мора да му плати на Баерн дополнителни 2,5 милиони евра, доколку постигне повеќе од 25 гола во сезоната..
Бидејќи Барселона беше (и сè уште е) во финансиски проблеми, челниците на клубот му наредиле на Полјакот, да престане да постигнува голови, кога ќе дојде до бројката 23.
Медиумите потоа пишуваа за ненадеен пад на формата, но всушност тоа беше наредба од врвот. Дури и денес, на 37 години, Левандовски е одличен во Барселона кога не е повреден. Тој има девет настапи и седум гола во првенството оваа сезона.
Foto/ depositphotos

