Спорт
Еден-два победа за Ред Бул, дебитантот Берман седми

Макс Ферстапен убедливо славеше во Џеда во трката за Големата награда на Саудиска Арабија и го најави дека ќе се прошета до четвртата титула светски шампион. Ова беше 56. победа за Холанѓанецот.
Ферстапен победи со 13 секунди пред клупскиот колега Серхио Перез, кој без многу проблеми заврши на втората позиција. Возачот на Ферари, Шарл Леклер се искачи на најниското скалило на подиумот.
Самата трка не донесе речиси никаква драма. Освен стандардниот интересен почеток и инцидентот на Ленс Строл кога се заби во ѕидот, речиси ништо интересно не се случи.
Макс одлично ја контролираше трката, Перез го следеше од второто место, а Ред Бул, како и во Бахреин, оствари двојна победа.
Трката од 15. круг беше многу монотона и внимание привлекуваше само дуелот меѓу Хамилтон и Пјастри за петтото место во тој момент. Ниту со помош на ДРС, Пјастри не успеа да го претекне седумкратниот светски шампион.
Успеа кога Хамилтон влезе во боксот. До крајот се водеше само борба за осмо и деветто место меѓу Норис и Хамилтон, која Норис ја доби.
Од четврто до десетто место се пласираа беа Пјастри, Алонсо, Расел, Берман, кој го замени Саинц, Норис, Хамилтон, додека поен за десеттото место освои Хулкенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Мектомини го врати Наполи на првото место во Серија А

Фудбалерите на Наполи го победија Торино на домашен терен со 2:0 (2:0) во 34-то коло од италијанската Серија А.
Наполи оствари рутински триумф со головите на Скот Мектомини, кој погоди во седмата и и 41.минута.
🚨🔵 SCOTT MCTOMINAY, ANOTHER HUGE GOAL FOR NAPOLI! 🏴🤯
As it stands, Napoli are 3 points ahead of Inter in first place. 🥇 pic.twitter.com/gVr4Xd8h6I
— EuroFoot (@eurofootcom) April 27, 2025
Откако претходно Интер загуби од Рома (0:1) на „Џузепе Меаца“ во дербито на колото, Наполи го искористи тоа и сега на врвот има три бода повеќе од актуелниот шампион.
Торино е на 10. место во Серија А со 43 бода.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас го одигра целит натпревар за Торино.
Следниот натпревар Наполи ќе го игра на гости против Лече, а Торино ќе ја пречека Венеција.
Спорт
(Видео) Голчиште на супер талентот на Ривер Плјет во Суперкласико

Ривер Плејт славеше победа над Бока Јуниорс во 264-то Суперкласико. Натпреваот го обележа најголемиот талент на аргентинскиот фудбал, 17-годишниот Франко Мастантуно.
Бројни скаути на најголемите европски клубови беа на „Монументал“ да го видат на дело Ривер Плата победи против Бока Јуниорс во 264-то Суперкласико, скаути низ целиот свет Франко Мастантуно.
Тинејџерот во 26.минута покажа со каков потенцијал располага, постигна гол од слободен удар од 30 метри.
I told you before that Franco Mastantuono has the minerals, but to score this free-kick from this distance against River Plate’s rivals Boca Juniors who are top of the league??? INSANE
What a player. Wow.
🎥: @DiarioGols pic.twitter.com/al8o5rhbCp
— Ben Mattinson (@Ben_Mattinson_) April 27, 2025
Бока се врати во 39.минута кога Герман Пецела згреши, а Мигел Мерентиел излезе сам пред Франко Арамни и ја пласира топката во голот.
Ривер предноста ја врати во 45.минута кога од втора Франко Дуруси ја погоди целта.
Во вториот дел немаше голови, имаше шанси, но Армани не дозволи Бока да изедначи.
Спорт
Брансон и Таунс за брејк на Њујорк во Детроит

Њујорк Никс се на прагот да се пласираат во втората рунда од плејофот во Источната конференција.
Тимот на Том Тибодо ги победи Пистонс во Детроит вечерва по средноевропско време, во драматичен финиш со 94:93.
Резултатот сега е 3:1 во серијата за „Никербокерс“, а победникот во конференциското полуфинале ќе игра против подобриот од дуелот Бостон Селтикс – Орландо Меџик. Актуелните шампиони Селтикси водат со 2:1.
Апсолутен херој на оваа победа на Никс беше плејмејкерот Џејлен Бренсон, кој заработи повреда на глуждот во текот на натпреварот. Сепак, се врати на теренот во финишот и заедно со Карл-Ентони Таунс одигра клучна улога во „брејкот“ на тимот од Менхетен.
Херој на победата за тимот од „Големото јаболко“ беше Карл-Ентони Таунс, кој во последната минута погоди тројка со која тимот на Том Тибодо направи пресврт, а подоцна и победи.
Џејлен Брансон беше најефикасен во победничкиот тим со 32 поени и 11 асистенции, додека Таунс го заврши натпреварот со 27 поени и девет скока.
Кај Детроит се истакна Кејд Канингем со трипл-дабл (25-10-10), односно Тобијас Харис со 18 поени. Тим Хардавеј постигна поголем дел од своите 14 поени во финишот, додека Џејлен Дурен беше доминантен по обрачите со 17 скока.