Топ
Кривична пријава и притвор за пет лица поради фалсификување пари
На 08.03.2024 полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово во село Ранковце ги лишија од слобода А.А. (31) од Скопје, И.М. (23) од Крива Паланка, Д.С. од Скопје, М.А. (24) од Скопје и З.Р. од Скопје.
Тие се сомничат дека извршиле кривично дело “Фалсификување пари” предвидено и казниво по член 268 од Кривичниот законик така што во месец февруари стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и за сума од 18 000 денари од истиот купиле 9 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра. Истите во месеците февруари и март во пет наврати во Куманово и Крива Паланка купувале производи од различни правни субјекти, по што се стекнале со противправна имотна корист од 500 евра.
Лицата се лишени од слобода во полициска станица каде комплетно е документиран кривично-правниот настан и поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на сите 5 лица им е определен 30 дневен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.
Свет
Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд
Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да се ублажат безбедносните стравувања на американскиот претседател Доналд Трамп и да се спротивстават на растечката закана од кинеската и руската војска, пренесуваат странските медиуми повикувајќи се на извор од британската влада.
Воените команданти прават планови за можна мисија на НАТО на островот, кој американскиот претседател се закани дека ќе го окупира од безбедносни причини, а британските претставници се сретнаа со колеги од голем број земји, вклучувајќи ги Германија и Франција, во последните денови за да започнат подготовки, изјави извор за Телеграф.
Плановите, кои сè уште се во рана фаза, би можеле да вклучуваат распоредување на британски војници, воени бродови и авиони за заштита на Гренланд од Русија и Кина, при што европските земји се надеваат дека значителното зголемување на нивното присуство на Арктикот ќе го убеди Трамп да се откаже од својата амбиција да го анектира стратешки важниот остров.
Извори од британската влада изјавиле дека Стармер ја сфатил „исклучително сериозно“ заканата од Русија и Кина во областа и се согласил дека мора да се преземе акција.
– Го делиме ставот на претседателот Трамп, растечката агресија на Русија на далечниот север мора да се запре, а евроатлантската безбедност мора да се зајакне. Велика Британија работи со сојузниците на НАТО за да започне напори за зајакнување на арктичкото одвраќање и одбрана, изјави еден од изворите.
Свет
Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна контрола врз територијата на Гренланд, која е автономна данска територија.
Баро рече дека „не верува“ во американската воена интервенција за окупирање на Гренланд, што беше најавено како можност од американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека „ништо не може да го оправда тоа“, пренесува БФМ.
Трамп претходно изјави дека Соединетите Американски Држави сакаат да ја анектираат територијата, бидејќи Русија или Кина имаат намера да го „окупираат Гренланд“.
„Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци, сакаме да бидеме Гренландци“, изјавија во заедничка изјава лидерите на петте гренландски партии претставени во локалниот парламент, додавајќи дека „иднината на Гренланд мора да ја одлучи народот на Гренланд“.

