Спорт
(Видео) Сити го преживеа „Енфилд“, Клоп незадоволен од судијата, Гвардиола за расправаше со Де Брујне
Ливерпул и Манчестер сити одиграа 1:1 во дербито на колото во Премиер лигата. Од нерешениот резултат најмногу профитираше Арсенал кој се искачи на првото место со 64 бодови, колу што има и Ливерпул, Сити се трети со бод помалку. На овој натпревар во тимот на Ливерпул, за прв пат по Африканскиот куп, се појави и Мохамед Салах.
Головите на „Енфилд“ ги постигнаа Стоунс за Сити и мекалистер од пенал за Ливерпул.
Актуелните шампиони, можат да бидат задовлни од конечниот исход, бидејќи ја преживеаја офанзивата на Ливерпул во вториот дел, ког „црвените“ не реачизираа пет изгледни шанси.
Дискутабилна е и одлуката на Мајкл Оливер да не досуди пенал за Ливерпул, по старто на Доку над Мекалистер.
„100 посто беше пенал. За сите фудбалски луѓе на планетата. Тоа е 100 отсто прекршок на кој било дел од теренот и веројатно е жолт картон. Сите луѓе наоколу кои ја видоа снимката извикуваа дека тоа е чист пенал. Но знам дека ќе ни најдат некое објаснување… Можеби ќе се кријат зад објаснувањето и фразата дека не била очигледна ситуација за гол. Секако дека беше пенал, но не го добивме и продолжуваме понатаму. За мене најважно е да продолжиме да играме ваков фудбал. Видов неколку фантастични изданија од моите играчи денес. Сите беа спектакуларни“, рече Јирген Клоп по натпреварот.
Неговиот колега Пеп Гвардиола истакна дека е задоволен од резултатот и ја коментираше ситуацијата кога влезе во расправија со Кевин Де Брујне. расправија со својот тренер, незадоволен од неговата одлука да биде заменет.
„Тоа е добро. Ќе може на наредниот натпревар да покаже дека е во право. Потребен ние играч кој ја држи топката. Не станува збор само за пресинг играта. Задоволен сум како играше Кевин. Нема никакво прблем се е во ред“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драматична трка во нордиска комбинација, победи Офтебро
Победниот во нордиската комбинација (скокови од малата скокалница и 10 км трчање) беше решен во трилер-завршница. На крајот, златото го освои Норвежанецот Јенс Лурас Офтебро.
По скоковите на малата скокалница, Естонецот Кристијан Илвес беше прв. Тој имаше солидна предност пред двата најголеми фаворити, лидерот во генералниот пласман на Светскиот куп Австриецот Јоханес Лампартер (21 секунда) и Норвежанецот Јенс Лурас Офтебре (28 секунди).
Но, уште од самиот почеток на скијањето во крос-кантри на 10 км, беше јасно дека Илвес нема долго да биде во водство. Група од шест натпреварувачи, предводени од Офтебро, го фатија на половина од трката.
Групата од седум натпреварувачи беше компактна до последниот километар. Потоа Офтебро направи потег и се одвои. Но, неговото темпо го следеше лидерот во генералниот пласман на Светскиот куп Јоханес Лампартер и му дишеше во вратот до целта. Во последните 50 метри им се придружи и Финецот Еиро Хирвонен. Сите тројца влегоа на целта со минимално растојание, но на крајот, Офтебро заштеди доволно гориво во резервоарот и на крајот победи со време од 29:59,4.
Лампартер го освои сребрениот медал една секунда зад него, додека бронзата му припадна на Хирвонен, 2,5 секунди зад лидерот.
Foto/ EPA
Спорт
Сноубордер на ЗОИ со две фрактури на вратот итно хоспитализиран
Камерон Болтон (35), сноубордер од Австралија, го скрши вратот кога падна за време на тренингот на Зимските олимписки игри. Веднаш бил префрлен со хеликоптер во болница во Милано.
Болтон падна за време на тренингот во сноуборд крос во Ливињо. Иако успеал веднаш по падот да ја напушти патеката, следниот ден се разбудил со силна болка во вратот.
Дополнителните тестови покажаа две фрактури, по што итно е префрлен со хеликоптер за понатамошно лекување.
„Кам сакаше неговите сонародници да знаат што се случува и дека е добро и дека за него се грижиме на најдобар можен начин. Тој е свесен колку сериозно пристапуваме кон неговата ситуација и комуникацијата беше одлична. Горда сум на нивото на грижа што ја доби“, рече Алиса Камплин од Австралискиот олимписки комитет.
Болтон освои сребро во мешан тимски сноуборд крос на Светското првенство минатата година со Миа Клифт.
Спорт
Влаховиќ бара 15.000.000 евра само за потпис на договорот
Според информациите од италијанските медиуми, повеќе нема да има преговори меѓу Душан Влаховиќ и челниците на Јувентус, околу нов договор. Сигурно е дека српскиот напаѓач, во јуни како слободен играч ќе го напушти клубот.
Весникот „Коријере дело Спорт“ денес донесе информации, околу финансиските барања на Влаховиќ кога станува збор за следниот договор.
Според нивните информации, српскиот фудбалер бара 10.000.000 евра годишна плата, како и бонус за потпис од 15.000.000 евра.
Дури и сега, со 12.000.000 евра годишна заработка, Влаховиќ е меѓу најплатените фудбалери во Серија А и е убедливо најплатениот во клубот.
Во преговорите околу новиот договор, Јувентус се обиде да ја намали таа сума, но да му понуди договор на Србинот на неколку години, така што намалувањето на платата би било компензирано, но тој ја одби таа понуда.
Како што тврди „Кориере“, Влаховиќ ги претпочита Баерн и Барселона како опции, кои најмногу се споменуваат во последните шест месеци.
Foto/ depositphotos

