Свет
Директорот на „Ербас“: Европа мора да ги зголеми трошоците за одбрана

Европа не е подготвена за војна со Русија или за ризикот дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп, доколку се врати во Белата куќа, би можел да ги повлече Америка од НАТО и затоа мора да ги зголеми трошоците за одбрана, изјави извршниот директор на „Ербас“, Гијом Фори.
Фори, извршен директор на најголемата европска компанија за воздухопловство и одбрана, изјави за „Гардијан“ дека сега е одлучувачки момент за зајакнување на одбранбената индустрија на континентот откако руската инвазија на Украина доведе до војна на границите на Западна Европа. Фори оцени дека европските држави досега премногу се потпираа на Америка кога станува збор за набавка на оружје и воена опрема и дека како резултат на тоа не развиле соодветни капацитети во клучните области на одбраната.
Фори рече дека Европа треба сериозно да ги сфати предупредувањата на Трамп дека Америка може да се повлече од НАТО и да се подготви за такво сценарио. Извршниот директор на „Ербас“ ги повика Европа и Велика Британија да ги здружат силите и да ги спојат програмите на ривалските борбени авиони. „Ербас“ произведува воена опрема и половина од комерцијалните авиони на глобално ниво.
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна им порача на земјите од НАТО дека ризикуваат да предизвикаат нуклеарен конфликт доколку испратат свои војници да се борат во Украина, потсетува „Гардијан“ и додава дека ова е одговорот на Путин на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека не ја исклучува можноста оти во иднина европските земји испраќаат свои војници во Украина, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: „Многу сум разочаран од Путин, ќе го скратам рокот од 50 дена“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Шкотска изјави дека ја разгледува можноста за скратување на рокот од 50 дена што му го даде на рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, пред да воведе царини до 100 проценти за Русија и нејзините трговски партнери, објавува „Политико“.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека ја разгледува можноста за скратување на рокот од 50 дена што му го даде на рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, пред да воведе царини до 100 проценти за Русија и нејзините трговски партнери.
„Разочаран сум од претседателот Путин, многу сум разочаран од него, па затоа ќе мора да ја разгледаме ситуацијата и ќе ги намалам 50-те дена што му ги дадов на помал број, бидејќи мислам дека веќе го знам одговорот“, изјави Трамп пред новинарите во Тернбери, Шкотска.
Порано во јули, Трамп му постави ултиматум на Путин, предупредувајќи дека потенцијалните економски санкции против Москва и нејзините трговски партнери би биле катастрофални ако конфликтот не заврши до почетокот на септември.
„Мислевме дека сме го решиле тоа неколку пати, а потоа претседателот Путин излезе и почна да лансира ракети кон некој град како Киев и уби многу луѓе во дом за стари лица или нешто слично“, додаде Трамп во денешната изјава.
Фото: принтскрин
Регион
Русин и Германец снимале голи деца со мобилни телефони во камп на Истра

Полицијата на Истра во саботата уапси двајца мажи, еден Русин и еден Германец, кои тајно снимале голи деца во туристички камп. Двајцата беа однесени во полициската единица за притвор под сомнение за кривично дело експлоатација на деца за порнографија и беа обвинети за кривично дело.
Како што соопшти полицијата денес, во саботата, околу 12.45 часот, обезбедувач во туристички објект во областа Ровињ пронашол 56-годишен руски државјанин како тајно снима голи деца со својот мобилен телефон и го притворил додека не пристигнала полицијата.
Истиот ден околу 14.40 часот обезбедувач во истиот камп пронашол и 52-годишен германски државјанин како тајно снима голи деца со својот мобилен телефон и исто така го притворил додека не пристигнала полицијата.
Врз основа на налог од надлежниот суд полицијата ги претресе сместувачките единици, мобилните телефони со придружните мемориски картички што ги користеле осомничените и пронајде инкриминирачки материјал. Осомничените беа предадени на полициската единица за притвор во Истра вчера попладне со кривични пријави.
Свет
Сестрата на Ким го отфрла дијалогот со Сеул: „Ако се надеваат дека ќе ја свртат ситуацијата со неколку слатки зборови, нема полоша грешка од тоа“

Пјонгјанг нема причина да го продолжи дипломатскиот дијалог со Сеул, изјави денес сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и покрај изразената желба на новиот јужнокорејски претседател Ли Џе Мјунг да ја смири ситуацијата, објави севернокорејската агенција КЦНА.
„Уште еднаш го разјаснуваме официјалниот став, а тоа е дека, без оглед на политиката што ја усвојува Сеул или каков предлог е даден, ние не сме заинтересирани за тоа и нема причина за средба со Република Кореја или за каков било разговор со неа“, рече Ким Џо Џонг, која е исклучително влијателна личност во севернокорејската дипломатија.
Сестрата на Ким Џонг-ун зборуваше за неповратната некомпатибилност меѓу двете земји, кои технички сè уште се во војна. Нивниот конфликт заврши во 1953 година со примирје, но не и со мировен договор.
Нејзината изјава доаѓа откога јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг, кој дојде на власт на почетокот на јуни, вети дека ќе стапи во контакт со Пјонгјанг тврдејќи дека „без разлика каква е цената, мирот е подобар од војната“.
Сеул оттогаш престана да емитува антисевернокорејска пропаганда преку звучници по должината на границата. Набргу потоа Северна Кореја престана да емитува вознемирувачки звуци, што ги вознемируваа жителите на југот во близина на границата дење и ноќе.
Сепак, ова ублажување на тензиите не значи дека Јужна Кореја може да верува во дипломатско ублажување на притисокот, предупреди Ким Џо Џонг. Ако Сеул се надеваше дека ќе ја сврти ситуацијата „со неколку слатки зборови, нема полоша грешка од тоа“, додаде таа.
Новиот претседател на Јужна Кореја изјави дека сака прекуграничен дијалог, без предуслови.
Фото: принтскрин