Македонија
(Видео) Џафери – Река: Северна Македонија и Албанија имаат одлични меѓусебни односи и заедничка стратешка цел – членство во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го прими на проштална средба амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река.
На средбата разговараа за односите меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, кои се карактеризираат со искрено пријателство и меѓусебно разбирање, без отворени прашања.
Премиерот Џафери му се заблагодари на амбасадорот Река за искрениот придонес во унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете соседски земји, особено во областа на економијата, зголемувањето на трговската размена и во реализацијата на инфраструктурните проекти, кои ги поврзуваат Северна Македонија и Албанија.
Двајцата соговорници истакнаа дека двете земји, како сојузници во НАТО и земји чија заедничка цел е членството во Европската Унија, споделуваат исти вредности и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка, што е гаранција за безбеден и стабилен регион.
Премиерот Џафери, во знак на благодарност, му врачи на амбасадорот Река признание за неговата професионална посветеност и придонес во унапредувањето на соработката меѓу Северна Македонија и Албанија и му посака добро здравје и натамошен личен и кариерен успех онаму каде што ќе го води неговиот професионален пат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.