Македонија
Ковачевски: Покажавме дека голем раст на пензиите е можен
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во рамки на денешната посета на Гевгелија, во Домот на културата се сретна и со Здружението на пензионери на Гевгелија. Ковачевски на средбата посочи дека СДСМ прави се, за по пензионирањето секој да ужива во плодовите од својот работен век и од вложениот труд, и дека сработеното има видлив резултат.
„Со новата методологија на пресметка на пезниите, која Владата предводена од СДСМ ја сработи заедно со пензионерите, пензионерите добиваат во просек 6.000 денари повеќе. Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Минималната пензија воедно, денес е за речиси 50% повисока од пензијата во 2016 година“, рече Ковачевски.
Се осврна и на фактот дека пензионерите беа опфатени и во пакетите со антикризни мерки , каде само во последниот 9-ти пакет, се издвоија 35 милиони евра за поддршка на 187.000 пензионери со што пензионерите, како што истакна, добиваат од 1.500-3.000 денари месечно финансиска поддршка со цел полесно да ја пребродат зимата и кризата.
„Поддршката за пензионерите од страна на СДСМ се огледа и во вложувањата во старинските домови. Моментално на територијата на државава има 5 државни старински домови, а преку проектот за подобрување на социјалните услуги на ресорното министерство во периодот кога Јована Тренчевска беше министерка, има отворено 5 центри за активно стареење во Чаир, Центар Жупа, Крива Паланка и Босилово“, рече Ковачевски.
Со новата програма за изборите на СДСМ, како што изјави Ковачевски на средбата, предвидени се повеќе мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старот на пензионерите. Тој со пензионерите разговараше за можноста да се обезбеди енергетска сигурност за пензионерите во текот на зимските месеци како и за можноста за зимски регрес и воведување на пензионерска еднаквост — односно исплата на загарантирана минимална пензија на жените /мажите кои живеат со семејна пензија.
Пензионерите ја оценија како позитивна можноста за воведување систем за доброволно работно ангажирање на пензионерите што ќе придонесе за дополнително финансиско зајакнување на пензионерите, исто како и можноста за пензионерите на кои им недостигаат неколку години, да можат да остварат право на пензија.
Ковачевски порача дека со СДСМ пензионерите секогаш може да очекуваат партнерски однос и дека и понатаму ќе се работи заедно со пензионерите за да изнајде решение со кое сите пензионери ќе се над прагот на сиромаштијата или пак најсоодветно решение за минимална пензија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

