Свет
ИДФ: Хезболах лансира 100-ина ракети во два напада врз северен Израел

Милитантната исламска организација Хезболах утрово изврши два напада од Либан кон северот на Израел, при што беа лансирани 100-ина ракети, соопшти израелската армија.
Во првиот напад беа лансирани 70-ина ракети од Либан кон Голанската Висорамнина, што е еден од најмоќните ракетни напади што Хезболах ги извршил на израелска територија, пишува „Тајмс оф Израел“. Во вториот напад беа лансирани 30-ина ракети.
Според првичните информации, во нападите нема повредени. Според снимките објавени на социјалните мрежи, некои од ракетите биле пресретнати од системот за воздушна одбрана „Железна купола“ над северен Израел.
Ракетниот истрел дојде кога доцна синоќа израелските сили извршија напади длабоко во либанска територија, при што воени авиони погодија две упоришта на Хезболах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Песков: Украина продолжува со милитаристичка политика наместо дијалог

Украина продолжува со својата милитаристичка политика наместо дијалог, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, Владимир Путин.
„Гледаме дека тие (Украина) продолжуваат со овој милитаристички став наместо да размислуваат како да се вклучат во дијалог со цел заеднички да бараат безбедносни гаранции за време и во рамките на дијалогот“, изјави Песков пред новинарите, пренесува „РИА новости“.
Тој додаде дека Кремљ слуша разни гласови од европските престолнини и затоа продолжува да ја следи ситуацијата.
Одговарајќи на прашање за изјавите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во врска со создавањето ѕид од беспилотни летала во Европа, Песков рече дека историјата покажува дека градењето ѕидови е секогаш лоша работа.
„Многу е тажно што оваа милитаристичка конфронтациска политика на Украина сега потенцијално би можела да почне да се материјализира во создавање нови ѕидови на поделба“, истакна тој.
Фото: принтскрин
Европа
„Шпионирала за Киев, планирала да труе војници“: Русите уапсија готвачка на Крим

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека уапсила 45-годишна Русинка, главен готвач во ресторан во Севастопол, на Крим, под сомнение за шпионажа за Украина и план за труење руски војници, објави „Киев пост“.
Неименуваната жена, која е во притвор, е обвинета дека работела за Главната дирекција за разузнавање на Украина (ХУР) во последните две години. ФСБ тврди дека таа ги понудила своите услуги на украинската разузнавачка служба уште во септември 2023 година.
Таа наводно користела „Воцап“ за да споделува информации со своите врски за локациите и за рутите на рускиот воен персонал и опрема во Севастопол, поранешното главно пристаниште на руската Црноморска флота. ФСБ конкретно тврди дека таа фотографирала бродови на Црноморската флота стационирани во Севастополскиот Залив, кои подоцна биле користени од украинските вооружени сили за планирање ракетни напади.
Таа е обвинета и за план за труење припадници на руските специјални сили, кои го посетувале ресторанот во кој работела.
Кримскиот одред на ФСБ соопшти дека жената е обвинета за велепредавство според член 275 од Рускиот кривичен законик додавајќи дека истрагата за нејзините криминални активности е во тек. Во соопштението за медиумите на ФСБ се наведува дека ова е уште еден пример за тоа како „украинските специјални служби ја дестабилизираат општествено-политичката ситуација и предизвикуваат економска штета на државата со активно регрутирање сторители на саботажи и терористички напади“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот „192.рс“, инцидентот почнал кога гостинка на свадбата, од причини што засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набргу се проширил и на другите гости.
View this post on Instagram
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, а некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин