Македонија
(Видео) Митева: Нов концепт за образованието, предвидуваме нови наставни програми, градинките под надлежност на МОН
Погрешната и девастирачка политика на СДС и ДУИ во овој момент води само до избори. А, за избори покрај реалноста која потврдува дека во Македонија никогаш не било полошо, ВМРО-ДПМНЕ нуди нова шанса за подобра иднина, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Новиот концепт за развој на образованието е нов развоен модел кој подразбира инвестиции во основното, средното и високото образование.
Во процесот на реорганизација на Владата каде што планираме фундаментални реформи кои ќе одговорат на современите текови, претшколската едукација односно градинките ќе ги вратиме онаму каде што припаѓаат, во рамките на министерството за образование и наука. Понатаму, новиот концепт за развој на образованието предвидува мотивација на наставниот кадар односно за секој оној наставно образовен кадар на високо образовните институции кој што ќе објави труд во списание со фактор на влијание, тогаш следната година државата ќе одвои дополнителни 50% секој месец за неговата плата“, кажа Митева.
Дополнително, како идна влада, дополни дека ветуваат дека политиките во ресорот образование ќе овозможат Македонија да има најмалку еден универзитет на Шангајска листа меѓу првите илјада, како и секое дете да има учебник.
„Ќе воведеме нови наставни програми за учениците, а ќе отвориме и три регионални центри за средно стручно образование. Конечно ќе ги изградиме ФИНКИ и ФФК и ќе ги подобриме условите во студентските домови кои со власта на СДС и ДУИ станаа симбол на нехуманост и катастрофални услови“, појасни Митева.
Почитувани,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

