Скопје
Општините Илинден, Гази Баба, Бутел и Чучер Сандево потпишаа меморандум за соработка за основање ЛАГ
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со градоначалниците на општините Гази Баба, Бутел и на Чучер Сандево, Бобан Стефковски, Дарко Костовски, Сашко Комненовиќ, потпиша меморандум за соработка за основање локална акциска група (ЛАГ).
Со потпишувањето на овој меморандум, сите општини потписници партнерски ќе учествуваат во основањето ЛАГ – локална акциска група и ќе направат подготовка на стратегија за ЛАГ за локален развој на руралните средини во општините Илинден, Гази Баба, Бутел и Чучер Сандево, врз основа на законот за земјоделство и рурален развој, соопштува Општина Илинден.
Според градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, основањето на оваа локална акциска група треба да придонесе кон нов пристап за развој на овие четири општини, со што ќе се зголемат можностите за добивање поголеми финансиски средства за имплементација на проекти. Воедно, додаде дека развојот на руралните делови од општина Илинден е од големо значење, затоа во наредниот период ќе се дефинираат приоритетите, мерките и насоките за реализација и имплементација на повеќе проекти, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




