Свет
Блискиот соработник на Навални нападнат со чекан во Литванија
Леонид Волков, долгогодишен соработник на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални, бил нападнат со чекан во главниот град на Литванија, Вилнус, изјави портпаролката на Навални, Кира Јармиш.
„Волков беше нападнат пред неговата куќа. Некој го скршил прозорецот од автомобилот и го испрскал со солзавец, по што напаѓачот почнал да го удира Леонид со чекан“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.
Таа објави и фотографии на кои Волков е со модринка на челото и раскрвавена нога и автомобил со оштетена врата и прозорец од возачката страна.
Сейчас Леонид Волков в больнице
Фото от Ивана Жданова (https://t.co/qaoYuCGYlg) pic.twitter.com/4d0llz0ozK
— Команда Навального (@teamnavalny) March 12, 2024
Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, лидер на владејачката партија Татковинска унија, го нарече нападот шокантен. „Сторителите ќе треба да одговараат за своето дело“, напиша тој на X.
News about Leonid’s assault are shocking. Relevant authorities are at work. Perpetrators will have to answer for their crime.
— Gabrielius Landsbergis🇱🇹 (@GLandsbergis) March 12, 2024
Литванската полиција соопшти дека е пријавен напад на маж пред неговиот дом и дека истражува. Полицијата ја опколи боровата шума во близина на домот на Волков во северното предградие на Вилнус, а полицајците беа видени како ја пребаруваат доцна вечерта во вторникот.
Поголемиот дел од политичката група на Навални, Фондацијата за борба против корупцијата (ФБК), која го вклучува Волков, живее во Литванија, членка на Европската унија и НАТО.
Алексеј Навални (47) почина на 16 февруари во казнена колонија северно од Арктичкиот круг.
Според властите, најжестокиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин се онесвестил за време на обиколката на затворскиот двор, а обидите за негово реанимација биле неуспешни.
Неговата сопруга и поддржувачите на опозицискиот политичар ги обвинуваат руските власти за убиството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денес предложи построги национални закони за оружје по вооружениот напад за време на прославата на еврејскиот празник Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, во кој во неделата беа убиени 16 лица.
Албанезе рече дека ќе предложи нови ограничувања, вклучително и ограничување на бројот на оружје што може да го добие лиценциран сопственик.
Неговите предлози беа објавени откога властите открија дека постариот од двајцата напаѓачи, кои беа татко и син, ги набавил своите шест оружја легално.
„Владата е подготвена да ги преземе сите потребни мерки. Ова ја вклучува и потребата од построги закони за оружје. Луѓето може да се радикализираат со текот на времето. Дозволите не треба да бидат засекогаш“, рече австралискиот премиер.
Најмалку 38 лица беа повредени и однесени во болници по масакрот во неделата кога двајца напаѓачи отворија оган неселективно на забава на плажа.
Меѓу убиените беа десетгодишно девојче, рабин и преживеан од холокаустот.
Нападот, кој се смета за терористички напад, ги вознемири Австралијците и инцира прашања за тоа дали властите направиле доволно за да го спречат растечкиот антисемитизам, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос
Свет
Пентагон откри нови детали за хиперсоничното оружје „Темниот орел“
Нови, претходно непознати детали за американскиот хиперсоничен систем за оружје „Темниот орел“, беа откриени за време на неодамнешната посета на министерот за одбрана Пит Хегсет на воздухопловната база „Редстоун арсенал“ во Алабама.
За време на посетата, во која базата беше прогласена за ново седиште на американската вселенска команда (SPACECOM), високи воени претставници ги презентираа клучните спецификации за дострелот и бојната глава на ова напредно оружје, пишува порталот The War Zone.
Што е „Темен орел“?
„Темниот орел“, официјално познат како хиперсонично оружје со долг дострел (LRHW), е мобилен систем лансиран од приколка. Неговата ракета патува со брзина поголема од 5 маха маневрирајќи непредвидливо во атмосферата. Поради овие карактеристики, се смета за идеално оружје за уништување добро бранети, високовредни и временски чувствителни цели.
Целите вклучуваат клучни системи за воздушна одбрана, командни центри и непријателски сензори. Тоа е првото вистинско хиперсонично оружје наменето за оперативна употреба во американската армија, а истата ракетна архитектура ја користи и морнарицата за лансирање од море.
За време на презентацијата, генерал-потполковник Франциско Лозано, задолжен за развој на хиперсонични системи, откри за „Хегсет“ дека „Темниот орел“ има дострел од 3.500 километри. Претходните официјални процени зборуваа за дострел од најмалку 2.775 километри, па затоа не е јасно дали зголемувањето се должи на напредокот во развојот или претходната бројка е намерно намалена, што е вообичаена практика кога се објавуваат спецификациите на ракетните системи.
Лозано дополнително го нагласи стратешкото значење на оружјето велејќи дека со „Темниот орел“ може да ја погоди континенталната Кина од Гуам, Москва од Лондон или Техеран од Катар. „Ги плашиме Кинезите со ова (MRC) бидејќи го имаме на Филипините и во Јапонија. Ги држиме во движење низ внатрешната платформа.
И потоа имам хиперсонично оружје со долг дострел. Ова има дострел од 3.500 километри, што значи дека може да стигне до континентална Кина“, рече Лозано. Друг офицер, чиј идентитет не беше веднаш објавен, додаде дека „Темниот орел“ носи бојна глава помала од 30 фунти (околу 13,6 килограми), што е исклучително мало за оружје од овој дострел.
Тој објасни дека неговата деструктивна моќ се базира на огромната кинетичка енергија при удар, а не на експлозиви. Сепак, фрагментациската бојна глава со експлозивен полнеж помага во уништување помеки цели, како што се радарски системи и батерии за воздушна одбрана. Целиот дострел, како што беше кажано, може да биде покриен од ракетата за помалку од 20 минути.
Фото: депозитфотос
Свет
Орбан: Европа е на прагот на голема можност за решавање на војната што трае веќе четири години
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Европа е на прагот на голема можност и дека Соединетите Американски Држави набргу би можеле да стават крај на војната што Европејците не може да ја решат веќе четири години. Тој ова го напиша на својот фејсбук-профил во пресрет на состанокот на Комитетот за прашања на Европската Унија на унгарскиот парламент и додаде дека Европа нема да има друг избор, освен да ги поддржи САД, но и дека сите знаци укажуваат на поинаква насока.
Според него, Европа ќе ја продолжи војната на бојното поле и ќе ја интензивира во економската заднина со конфискација на замрзнат руски имот.
„Таквиот потег е еднаков на отворена објава на војна“, рече тој и додаде дека руската страна ќе возврати, пренесува „Танјуг“.
Тој истакна дека Унгарија нема причина да ја промени својата позиција и дека војната не може да се реши на фронтовската линија, но треба да се направи она што го прави американскиот претседател Доналд Трамп, односно преговори.
Тој истакна дека затоа Унгарија нема да поддржи запленување на замрзнатите руски средства, ниту ќе испраќа пари или оружје во Украина ниту ќе учествува во собирање кредити што би послужиле за воени цели, пренесува МТИ.
„Врзете ги безбедносните појаси, нè очекува бурна недела. Оваа недела е посветена на самитот на Европската Унија во Брисел за кој се подготвуваме, влогот е едноставен: војна или мир“, рече Орбан додавајќи дека никогаш не сме биле толку блиску до решавање на војната меѓу Русија и Украина.
Фото: депозитфотос

