Европа
(Видео) Италијанците првпат тестираа лебдечки воз на традиционална железница
Италијанската компанија IronLev првпат тестира технологија за магнетна левитација на традиционалната железничка инфраструктура тврдејќи дека открила решение што не бара скапи приспособувања на пругата. Компанијата го прикажа видеото од тестот на саемот LetExpo2024 во регионот Венето.
На видеото се гледа прототип на воз тежок еден тон, кој се движи со брзина од 70 километри на час на пруга во внатрешноста на Венеција. Технологијата на магнетна левитација создава воздушна перница, која физички го одвојува возилото од патеката намалувајќи ги триењето, бучавата и вибрациите, а со тоа и потрошувачката на енергија и трошоците за одржување на возот и инфраструктурата.
Кина го користи речиси две децении, но во ограничен обем. Многу земји сакаат да развијат железнички мрежи засновани на технологија за магнетна левитација, но нејзиното усвојување е попречено од високите трошоци и потребата од изградба на нова железничка инфраструктура.
🚨🇮🇹A FLYING TRAIN? Italy Tests Hover Train Technology
IronLev successfully conducted a test of magnetic levitation train on an existing railway track, aiming to lower costs and energy consumption in the rail industry.
‘Back to the Future’ is finally happening!
Sources:… pic.twitter.com/EeaFzvvLMH
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) March 12, 2024
„Тестот на IronLev го претставува првиот и единствен случај на примена на магнетна левитација на постојна железница, без модификации и интеграција на помошни елементи“, рече директорот на Институтот за механичка интелигенција.
Во претходните тестови магнетното поле беше создадено со поддршка на ад хок-инфраструктура, која често се состои од намотки направени од спроводливи материјали и вклучува значително повисоки трошоци од традиционалните железници.
„Некои од нашите конкуренти спроведоа тестови на шини специјално приспособени за возила базирани на технологија за магнетна левитација. Покажавме дека нашето возило може да левитира на постојните шини“, изјави за „Ројтерс“ претседателот на IronLev, Адријано Џирото.
„Ова очигледно значи дека нашата технологија е лесна за употреба“, додаде Џирото. Целта на IronLev е за неколку години да развие тест-возило што ќе тежи до 20 тони и ќе може да развие брзина до 200 километри на час, рече тој. Технологијата веќе се користи во пракса, при преместување на тешки прозорци и лифтови и транспорт на товари во индустриски постројки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.
Европа
(Видео) Руската ракета испалена кон Лавов летала со брзина од 13.000 км/ч
Балистичката ракета што Русија ја употреби за напад врз градот Лавов синоќа се движела со брзина од приближно 13.000 километри на час. Информацијата е објавена на Фејсбук од страна на Западната воздушна команда, пишува „Украинска правда“.
Детали за нападот
Во официјалното соопштение се наведува дека нападот бил извршен врз инфраструктурни објекти.
Security camera footage which appears to capture tonight’s strike by a Russian “Oreshnik” Intermediate-Range Ballistic Missile (IRBM), equipped with a Conventional Multiple Independently Targetable Reentry Vehicle (MIRV), earlier against the Lviv Oblast of Western Ukraine. pic.twitter.com/LikuWRRgtS
— OSINTdefender (@sentdefender) January 8, 2026
„Во 23:47 часот на 8 јануари, непријателот извршил ракетен напад врз инфраструктурни објекти во Лавов, користејќи балистичка ракета. Ракетата се движела со брзина од приближно 13.000 км/ч по балистичка траекторија“, се вели во соопштението на Командата.
Тие додадоа дека точниот тип на ракета што се користела ќе се утврди дури по испитување на сите нејзини компоненти.

