Забава
Медиумите: Зошто Вилијам ја пушти Кејт низ вода во скандалот со фотошопираната фотографија
„Како можеше Бакингемската палата да ѝ дозволи на Кејт да ја преземе вината?“, е едно од клучните прашања што одекнува во британската јавност. Како нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, дозволил таа да биде на столбот на срамот? Работата да биде уште полоша, покрај тоа што целиот свет зборува за Кејт, за фотошопираниот фотоскандал и за нејзиното здравје, сега дури и блиските на принцот Хари и Меган Маркл почнаа да ја исмеваат принцезата од Велс, пишуваат британските медиуми коментирајќи дека од слетувањето на Месечината немало толку многу заговори колку за автентичноста на фотографијата.
Едноставната семејна фотографија на Кејт со нејзините деца, која требаше да ги замолчи шпекулациите за нејзиното здравје и расположение, се покажа како целосно создадена со помош на фотошоп, што беше протолкувано како најголемата ПР-грешка на кралското семејство во последните години, ако не и децении.

Неколку часа по објавувањето на фотографијата, новинските агенции во светот соопштија дека ја отстрануваат фотографијата бидејќи е очигледно неавтентична со најмалку 16 грешки.
И наместо да ги потисне шпекулациите за здравјето на Кејт, аферата со фотографијата дополнително предизвика загриженост.
„Ова е грешка што Меган никогаш не би ја направила“, изјави извор близок до Хари и Меган за „Пејџ сикс“.
Своето мислење на социјалните мрежи го сподели и нивниот биограф Омид Скоби.
„Со долга историја на лажење, прикривање од стравот од палатата… на јавноста ѝ е сè потешко да верува во зборовите, сега на фотографијата што ја споделуваат“, напиша тој.
Скоби продолжи да пишува дека враќањето на довербата на печатот и јавноста е уништена и тешко ќе се врати по овој инцидент.
Како Хари и Меган да се олицетворение на доверба и интегритет, пишува „Дејли мејл“. И покрај тоа што Кејт страда, оваа битка на трансатлантско натпреварување продолжува.
Хаосот продолжи со извинувањето од самата Кејт во понеделникот.
„Како и многу аматери фотографи, повремено експериментирам со уредување фотографии“, напиша таа.
Кејт има диплома по историја на уметност. Таа е неофицијален домашен фотограф на нејзиното семејство од раѓањето на нејзиното прво дете пред десет години.
Кејт, секако, разбира композиција, осветлување, теорија на бои и слично. Но, тука таа е сведена да се нарекува себеси обичен аматер кој експериментирал, и тоа лошо.
„Сакав да се извинам за конфузијата предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера“, продолжи таа.
Треба да обрнете внимание и на зборот „ние“. Таа не го направила ова сама. Поминува низ многу слоеви, преку помошници и приватни секретари, а можеби дури и кај кралот.
Се чини дека некој требало да ја советува да не објавува лажна слика. Исто така, се чини дека оваа екстремно лоша идеја можеше да ја извлече само некој кому никогаш не може да му се каже не. Каде е принцот Вилијам? Зошто не ја презеде вината? Оваа фотографија, сепак, наводно ја направил тој, пишуваат медиумите.
Дури и ако никој не веруваше дека тој е оној што стои зад лошиот фотошоп, повеќето луѓе сигурно не веруваат дека тоа е Кејт, која наводно е премногу болна за да вози или, според зборовите на Вилијам, дури и да ги гледа годинешните филмови номинирани за „Бафта“. Во сите овие случаи тој можеше да ја стекне светската почит и да ги прими ударите застанувајќи зад скандалот.
Наместо тоа, Кејт беше извлечена надвор од домот, фотографирана како седи до својот сопруг во задниот дел од автомобилот.
Никој не верува дека Кејт самата го направила овој хаос со фотографијата.
На крајот на краиштата, Вилијам има прилично софистицирано разбирање за тоа како функционираат медиумите. Тоа е вкоренето во неговата судбина.
Во меѓувреме, кралските извори ја туркаат приказната дека кутрата, заблудена Кејт, едноставно, не разбрала што прави. И покрај тоа што е физички болна, Кејт сега се вели дека е вознемирена што и самата предизвикала таков јавен хаос.
Кејт грозно се чувствувала поради ова, изјавил кралскиот извор за „Телеграф“. Нејзината намера била само да ја направи фотогарфијата најдобро што може да биде, но сега чувствува дека искреноста е „најдобрата политика“.
Може ли некој да замисли Чарлс да ја пушти Камила вака да падне? Најверојатно, не.
Кејт е иднината на круната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

