Скопје
Во клонот „Пампурче“ во градинката „Росица“ во Ѓорче Петров пуштен во употреба сензорен центар за деца со попреченост
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски и директорката на градинката „Росица“, Даниела Темелкова денеска во клонот „Пампурче“ во населба Даме Груев го пуштија во употреба сензорниот центар наменет за деца со попреченост, прв центар од ваков вид во објектите наменети за претшколска возраст во Република Македонија.
Центарот е опремен со околу 60 елементи за изведување на оваа настава. Елементите ќе се користат како нагледни средства во директна работа со децата.
„Поради се поголем број дечиња со попреченост во градинките, помошните простории кои претходно се користеле како помали простории за деца со попреченост во градинката „Пампурче“ се пренаменети и искористени за изградба на нов сензорен центар со три простории, и секоја просторија е со различна намена“, информираше градоначалникот Стојкоски.
Во рамки на центарот има просторија за сензорна интеграција и сетилна соба, а се опремува и кабинет за психомоторни вежби за дечињата.
![]()
„Со овој центар значително ќе им се помогне на децата за полесно интегрирање во основното оразование и се тоа во соработка со родителите и воспитно-образовниот кадар“, изјави Стојкоски.
Воедно, како што додаде, овој центар ќе придонесе и за правилен развој не само кај децата со попреченост, туку и кај останатите дечиња од најрана возраст и сите заеднички ќе ги користат придобивките.
Овој сензорен центар опремен со три простории е прв од ваков тип во земјата.
„Општина Ѓорче Петров ќе продолжи посветено да работи на подобрувањето на условите во сите детски градинки во општината, како и на опремување на нови вакви простории кои ќе бидат од помош на дечињата“, заврши Стојкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




