Контакт

Економија

Џафери: Периодот на набавката на автомобилите не е поврзан со изборите, туку со времетраењето и километражата

Објавено пред

Набавката на службените автомобили на лизинг е пракса со години и соодветните анализи покажале дека трошоците со лизингот се помали, изјави премиерот Талат Џафери прашан за набавката на 45 нови возила на Владата.

dobivaj vesti na viber

„За периодот на лизинг колку што трае, гаранцијата и одржувањето е на давателот на услугата, а не на побарувачот. Во тој контекст, по пет години, ако останат во институцијата, одржувањето би било поскапо. Оттука лизингот би требало да е поевтино решение имајќи превид дека нема последователно во одржувањето да се трошат средства“, рече Џафери.

Прашан за периодот на набавка, односно дека постапката се случува во предизборието, Џафери објасни дека тоа зависи од моментот на заменливоста. Претходните договори, вели Џафери, се поврзани или за времетрањење или со поминати километри.

СОЗР овој пат бара целосно нови 45 дизел-возила (лимузини) од минимум 2.000 кубни метри моторна зафатнина. Отворањето на понудите ќе биде по електронски пат на 27 март. Понудата нема да биде прифатлива доколку има „невообичаено ниска цена“.

По истекот на тригодишниот договор, операторот ќе си ги врати за себе автомобилите, но во текот на тригодишниот договор ќе биде должен да обезбедува сервис, осигурување, регистрација, промена на пневматици, зелен картон, пренос на дефектно возило за репрезентативните автомобили.

Во претходниот тригодишен циклус Владата набави 45 луксузни возила „шкода суперб“, со погон на четири тркала, во вредност од 1,5 милион евра, без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило, според договорот, изнесуваше 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнуваше околу 40 илјади евра. И овој пат е предвидена километража од 120.000 километри за тригодишниот период од возило.

Владата, односно Службата за општи и заеднички работи, ќе има обврска кон лизинг-компанијата по завршувањето на оперативниот лизинг, да плаќа од поминат километар за секое возило.

Од Владaта оценија дека оперативниот лизинг е најповолното решение и дека така ќе се заштеди затоа што операторот постојано ќе обезбедува сервис и министрите нема да останат без возило во случај на дефект на она што им е задолжено.

 

Економија

Поевтинуваат горивата

Објавено пред

Од

Цените на горивата од ноќеска поевтинуваат за 2 и за 2,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

dobivaj vesti na viber

Од 10.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 38,965 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,041 ден/кг и сега ќе изнесува 38,965 ден/кг.

Прикажи повеќе...

Економија

Отворен третиот ESG Adria Summit во Porto Montenegro: повеќе од 700 регионални и светски лидери се собраа за да обликуваат одржлива иднина

Објавено пред

Во Porto Montenegro денес беше свечено отворен третиот ESG Adria Summit, водечка регионална платформа за одржлив развој и одговорно лидерство. Оваа година, настанот ќе собере повеќе од 700 учесници од регионот и светот, вклучувајќи претставници на влади, меѓународни организации, компании, академската заедница и цивилниот сектор. Пред учесниците е 3-дневна програма со бројни панели и интересни говорници, со очекувано започнување на неколку важни регионални иницијативи во областа на енергијата, одржливите финансии, стартап претприемништвото и вклучувањето на младите.

dobivaj vesti na viber

Самитот, кој се одржува под покровителство на Претседателот на Црна Гора и во партнерство со Владата на Црна Гора, го отвори Билјана Брејтвејт, основач на Sustineri Partners и директорка на Самитот.

„Горди сме што ова го правиме во Црна Гора — земја која често ги надминала очекувањата, особено кога станува збор за собирање на луѓето околу заедничка цел. Место каде што соработката и меѓународниот дијалог навистина наоѓаат потпора. И ако смеам лично да кажам: за нас кои сме пораснале во овој регион, самата фактот дека денес сме овде — не говориме за конфликти, туку за инвестиции, иновации и одржливост — не е мала работа. Се сеќавам на времето кога на овој регион се гледаше како на нестабилен, фрагментиран, поделени простор. А сега тој стои како еден од најдинамичните коридори на можности во Европа. Таа промена не се случи преку ноќ. И не се случи случајно. Таа е резултат на многу мали акти на храброст, поврзување и соработка — и токму тие вредности овој Самит продолжува да ги почитува и зајакнува“, порача Брејтвејт.

Настанот го поздравија генералниот директор на Porto Montenegro, Давид Маргасон, и претседателот на Општина Тиват, Жељко Комненовиќ.

„Вестите за извонредни социјални, еколошки, а сега и економски настани станаа секојдневие, намалувајќи го нивото на нашата реакција и зголемувајќи ја опасноста од рамнодушност кон овие системски закани за животната средина, која несомнено веќе е доведена до своите граници“, изјави Маргасон.

„Тиват, како и многу други градови во Европа и на Балканот, се соочува со предизвици на забрзан развој, големи градби, инфлација, недостаток на работна сила, зелена транзиција, и сите овие предизвици се мултиплицираат и јаќе се чувствуваат на ниво на локалните власти. Локалните заедници лесно можат да ги препознаат и да понудат први решенија. Затоа сега, повеќе од кога било, е потребно да се зајакнат локалните власти, да им се дадат ресурси и слобода на делување, истовремено обезбедувајќи им поддршка од централните органи“, додаде Комненовиќ.

По отворањето, учесниците имаа можност да ги слушнат пораките на Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

„За Adria регионот, ESG не е само глобален тренд — тоа е неопходност. Тоа се темелите на кои мораме заедно да изградиме подобро општество. А за да изградиме такво општество – потребни ни се луѓе. Затоа сакам оваа година посебен фокус да ставам на улогата на младите и значењето на образованието. Нашата младинска генерација не е само иднината – таа е и сегашноста. Нивната енергија, иновативност и идеи се клучни за создавање на свет во кој одржливоста ќе биде правило, а не исклучок. Но, за младите активно да учествуваат во ESG процесите, мораме да им обезбедиме квалитетно образование што ќе ги зајакне со знаења и вештини потребни за решавање на предизвиците со кои се соочуваат. Образовниот систем мора да биде насочен кон развој на критичко размислување, дигитална писменост и еколошка свест, за младите да станат двигатели на позитивни промени во општеството. Затоа ми е задоволство денес, од ова место, да најавам една важна иницијатива која ќе ја започнам како Претседател на Црна Гора, заедно со компанијата Sustineri Partners и во соработка со компанијата Mtel, златен партнер на Самитот, преку која ќе ги финансираме младите од Црна Гора кои запишале студии на врвни светски универзитети – обезбедувајќи на тој начин средства за извонредност“, истакна Претседателот Милатовиќ.

Како платинум партнер на Самитот, Universal Capital Bank е еден од клучните покровители на Самитот. Милош Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Universal Capital банка, го нагласи значењето на денешниот настан за Црна Гора.

„Во Universal Capital банка веруваме дека финансискиот сектор мора да игра клучна улога во изградба на одржлива иднина. Нашето партнерство со ESG Adria Summit 2025 како платинум партнер, уште еднаш ја потврдува нашата посветеност на ESG принципите, иновациите во одржливото финансирање и поддршката на развојот на зелената економија. Гордите сме што ја предводиме развојот на зеленото финансирање во Црна Гора и што активно придонесуваме за позитивни промени преку нашите кредитни програми и бизнис стратегија насочена кон заедницата“, порача Павловиќ.

Златен партнер на Самитот, компанијата M:tel Црна Гора, обезбеди силна поддршка преку иновативни дигитални иницијативи. Извршниот директор на компанијата, Зоран Миловановиќ, порача: „Во M:tel активно инвестираме во дигиталната инфраструктура и паметни решенија – од развојот на 5G мрежата, преку поддршка на smart city иницијативи, до проекти кои обезбедуваат енергетска ефикасност. Веруваме дека технологијата треба да служи на луѓето, а токму форуми како ESG Adria Summit овозможуваат размена на конкретни искуства и партнерства кои водат кон поодржлива иднина. Горд сум што можеме да бидеме дел од тој дијалог“, изјави Зоран Миловановиќ, Извршен директор на компанијата M:tel.

Мохамед Алабар, основач на компанијата Eagle Hills, златен партнер на Самитот, утре, со почеток во 10.35 часот, ќе одржи презентација на своите проекти и програми.

Меѓу истакнатите говорници на овогодишниот ESG Adria Summit ќе бидат: Катриин Јакобсдотир, поранешна премиерка на Исланд; Иан Голдин, професор по глобализација и развој на Универзитетот во Оксфорд; Фатих Карахан, гувернер на Централната банка на Турција; Атифете Јахјага, поранешна претседателка на Косово; Бенедикт Франке, директор на Минхенската безбедносна конференција; Рафаел Гиандaи, финансиски директор на Фондацијата на Принцот Албер II од Монако; Амер Капетановиќ, генерален секретар на Регионалниот совет за соработка; Декс Хантер-Торик, експерт за комуникации од Силиконската долина; Кетрин Аткин, копретседател на Stanford CodeX Climate Initiative; Агњешка Хрњевич-Бијеник, глобален директор на Google for Startups и бројни други лидери во бизнисот, политиката и општеството.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Министерката Димитриеска-Кочоска на 10. економски форум во Делфи

Објавено пред

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 11 април ќе учествува на Економскиот форум во Делфи, кој обединува на едно место креатори на политики, претседатели на држави, премиери, министри, претставници на бизнис и на академската заедница и експерти од над 55 земји во светот.

dobivaj vesti na viber

Преку повеќе панел-дискусии, Форумот ќе биде фокусиран на низа глобални и регионални теми поврзани со геополитичката и меѓународната безбедност, светската економија, климатските промени, енергетиката, туризмот, технологијата и општеството. Вториот ден од Форумот ќе биде посветен на финансиите и економијата и, меѓудругото, ќе бидат отворени прашањата за стратегии за забрзан раст и развој, транзиција кон одржливи модели на развој и финансирање на идниот одржлив развој, стратешки партнерства за унапредување на економската конкурентност и економската безбедност, новата индустриска стратегија на ЕУ и кохезионите политики на ЕУ по 2027 година. Воедно, учесниците ќе имаат можност да се вклучат во дебатите, да разменат идеи и да дискутираат за идниот развој.

Годинашниот Економски форум е десетти по ред и традиционално се одржува во грчкиот антички град Делфи. Форумот, како независна и непрофитна организација со меѓународен карактер, има за цел да ги претстави реалните состојби и притоа да се бараат решенија за справување со глобалните предизвици и за обезбедување поодржлива и просперитетна иднина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

ССМ на состанок во Владата: Дојдовме да им кажеме на функционерите дека треба да живеат на минималец ако не ги зголемат платите

Делегација од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) точно напладне влезе на состанок со претставници од Владата. Претседателот на ССМ,...

Македонија1 час

Детали за случајот со Геријатрија: Директорот знаел дека пациентот е богат, барал 100.000 евра за да го смести во болницата

Директорот на болницата за Геријатрија, Мухсин Арифи, кој е осомничен за поткуп, знаел дека пациентот што требало да се смести...

Македонија3 часа

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани, кои се лекуваа во...

Македонија3 часа

„Трошки за работниците наместо вистинско зголемување на платите, Владата ги извиси граѓаните“, велат од СДСМ

„Наместо вистинско и реално зголемување на платите, владата ги извиси работниците. Власта им фрла трошки на работниците со покачување од...

Македонија3 часа

„Десетици нови дестинации од двата домашни аеродрома и преговори за десетина нови авиолинии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување...

Македонија4 часа

(Видео) Мециновиќ побара да не се носи закон за медиуми без дискусија со медиумите

„Јас барам точката седумнаесет, а тоа е предлог на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за медиумите во прво...

Македонија4 часа

ДУИ: Изјавите на Изет Меџити се шокантни и длабоко вознемирувачки

„Изјавите дадени вчера од Изет Меџити, еден од раководителите на една мала партија во рамки на владината коалиција, се шокантни...

Македонија4 часа

Состојбата на другите четворица пациенти од пожарот во Кочани во „Пирогов“ и понатаму е сериозна, но стабилна, изјави Аргирова

Состојбата на другите четворица пациенти во „Пирогов“ сѐ уште е сериозна, но стабилна. Ова во „Денот почнува“ го изјави раководителот на...

Свет5 часа

„Сам нека си ги одгледува кокошките“: кинеските социјални мрежи преполни со пораки против Трамп

Додека Кина се подготвува за царини од 104 отсто на голем дел од извозот во Америка, на кинеските социјални мрежи...

Свет6 часа

(Видео) Се урна покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република, загинаа најмалку 79 лица

Според последните извештаи, најмалку 79 луѓе загинале, а 155 се повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во главниот...

Свет7 часа

Може ли Кина да ги издржи царините на Трамп за увоз од 104 проценти

Утрово стапија на сила рекордните американски царини за кинески увоз, кои ќе достигнат дури 104 отсто за многу производи. Некои...

Свет7 часа

Кандидатот на Трамп за шеф на НАСА: Мисијата на Марс е приоритет

Кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за директор на НАСА, Џеред Ајзакмeн, рече дека вселенската агенција ќе даде приоритет на...

Свет7 часа

Во сила нов пакет-тарифи на Трамп, за Кина воведени царини од 104 отсто

Новиот сет на царини на Трамп стапи на сила утрово за приближно 60 земји ширум светот. Од 6 часот наутро...

Европа7 часа

ОН: Речиси 13.000 цивили убиени во Украина од почетокот на војната

Обединетите нации проценуваат дека околу 13.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина, изјави во вторникот пред Советот...

Свет7 часа

Трамп: Ќе заработуваме 2 милијарди долари дневно од царини

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера вечер, по потпишувањето на извршната наредба за јаглен, ги коментираше царините што ги воведува на...

Регион19 часа

Кој им дозволил на Вучиќ и новинарите да влезат кај пациентите од Македонија: студентите бараат одговорност

Народниот правобранител на Србија, Зоран Пашалиќ изјави дека ќе ги истражи сите околности наведени во шестото барање на студентите, кои...

Македонија21 час

Директорот на геријатрија зел 20.000 евра поткуп за да смести неподвижно лице

Заедно со посредник, директорот на болницата за геријатрија,  Мухсин Арифи, барал и примил поткуп за сместување на болно и неподвижно...

Топ23 часа

Селанецот во Кривопаланечко убиен, па запален за 100 евра, зад убиството стојат двајца млади браќа

Двајца браќа се осомничените за убиството во Луке, кривопаланечко. Тие се на возраст од 20 и 25 години, а убиениот...

Македонија23 часа

И јас и Таравари вчера избегавме од ДУИ, сега преговори со нив значат испорачување фактури од ДУИ, вели Меџити  

Сите коалиционери во „Вреди“, освен министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, сметат дека единствена опција...

Македонија1 ден

Мицкоски бара нова пресуда за прегазената Теодора во Тетово: „Ова не е правда“

Премиерот Христијан Мицкоски побара да се разгледа работењето на судијата во Тетово, кој вчера досуди две години затвор за возачот...