Македонија
Силјановска е уште едно лице на ДПМНЕ, со нив нема надеж за подобро утре, вели Калевска-Ванчева
Гордана Силјановска е лице на ДПМНЕ. Наративот на Силјановска во Собранието во изминатите четири години е доказ дека таа ги негува вредностите на изолација, затвореност и безнадежност кои се главна карактеристика на партијата од Белата палата, вели Снежана Калевска -Ванчева, пратеничка на СДСМ.
„Гордана Силјановска и Христијан Мицкоски се две страни од иста паричка, паричка за поткусурување на европската иднина на Македонија. Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, а знаат дека тоа нема да го добијат со Силјановска. Напротив, нејзиниот избор би значел враќање назад и оддалечување од патот кон Европската Унија“, вели Калевска -Ванчева и додава:
„Мицкоски и Силјановска отворено кажуваат дека се подготвени да не прават ништо и на тој начин да ги блокираат преговорите со Европската Унија. Со нив државата ќе изгуби уште една деценија заглавена на патот кон Брисел, а за тоа ќе ја обвинуваат Европската Унија. Граѓаните знаат што е најдобро за нив и за Македонија. Затоа ќе излезат на избори и ќе одлучат во каква држава сакаат да живеат. Едниот избор е СДСМ и Стево Пендаровски за Македонија како рамноправна и просперитетна членка на ЕУ, а другиот избор е ДПМНЕ и Силјановска за изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

