Спорт
Де Брујне повторно повреден?

Кевин Де Брујне не е во списокот за пријателските натпревари на Белгија против Ирска и Англија во март.
Доменико Тедеско, селекторот на Белгија, истакна дека Де Брујне повторно има проблеми со повредата на препоните.
„Во последните неколку натпревари Кевин чувствува болка. Решивме дека е подобро да остане во Манчестер и да биде целосно подготвен за Европското првенство“, изјави Тедеско.
Ова веднаш го отвори прашањето дали брилијантниот Белгиец ќе му биде на располагање на Пеп Гвардиола за претстојните натпревари. Манчестер сити најпрвин во сабота ќе одигра натпревар од ФА Купот против Њукасл, а потоа на 31 март ќе го има можеби решавачкиот меч за титулата во Премиер лигата против Арсенал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дончиќ има нов автомобил, ѕвер од два милиона евра, што оди над 400 км/ч

Лука Дончиќ, неодамна го продолжи договорот со ЛА Лејкерс, за три сезони ќе добие 165 милиони долари, а потоа и се приклучи на репрезентацијата, на подготовките за Европското првенство кое ќе започне на 27 август.
Дончиќ бил забележан во центарот на Љубљана зад воланот на електричниот хиперавтомобил „Rimac Nevera“. Познато е дека кошаркарот на ЛА Лејкерс и ѕвезда на НБА лигата е голем љубител на автомобили, а во неговата гаража се кријат вистински брзи автомобили, пишува ekipa.svet24.si. Неодамна, бројот на автомобили во таа гаража е зголемен.
На кошаркарот возилото му било доставено пред хотел во центарот на градот. Станува збор за електричен спортски автомобил со неверојатни перформанси од хрватскиот производител „Rimac Automobili“.
„Nevera“ забрзува од 0 до 100 км/ч за неверојатни 1,8 секунди, а достигнува 300 км/ч за нешто повеќе од девет секунди. Максималната брзина на овој хиперавтомобил напојуван од четири електрични мотори со вкупна моќност од 1914 КС е 412 км/ч. Дончиќ возеше впечатлива црвена верзија, чија цена е околу два милиони евра.
Foto/ ekipa.svet24.si
Спорт
Гарначо е пред трансфер во Челзи

Алехандро Гарначо до крајот на преодниот рок ќе го напушти Манчестер јунајтед. Аргентинецот, по завршувањето на сезоната доби известување од менаџерот Рубен Аморим дека во клубот за него повеќе нема место.
Гарначо постигнал договор со Челзи, ги прифатил условите што му биле понудени од „Стенфорд Бриџ“ и сега чека да се договорат клубовите.
Според англиските медиуми, Челзи за Гарначо ќе треба да ја плати приближно истата сума која ја заработи од трансферт на Нони Мадуеке.
Мадуеке се пресели во Арсенал за 56 милиони евра.
Гарнаџо имаше и други понуди и опции, но од првиот момент сакаше да остане во Премиер лигата. Инаку, Челзи наскоро би можел да го комплетира и трансферот на Чави Симонс.
Foto/ EPA/GARY OAKLEY
Спорт
Вест Хем се раздели со Антонио

Вест Хем одлучи да не го обнови договорот со Мајкл Антонио, кој преживеа тешка сообраќајна несреќа пред осум месеци.
Ова сценарио го најави тренерот Греам Потер, кој во Атланта изјави дека Антонио не е во неговите планови. Сепак, клубот сè уште преговара со 35-годишниот јамајкански репрезентативец за добивање на некоја друга улога во клубот.
За 10 години поминати во клубот, Антонио постигна 83 гола во 323 натпревари. Тој беше еден од најважните играчи во освојувањето на првиот трофеј по 43 години кога „чеканите“ славеа во 2023 година во Конференциската лига.
Иако преживеа тешка несреќа пред осум месеци, Антонио успеа да му се врати на фудбалот. Тој играше за Јамајка на Голд Купот на КОНКАКАФ ова лето и се чини дека засега нема намера да замине во пензија.