Македонија
Левицата: Советниците од ДПМНЕ и коалицијата безобразно го одбија предлогот за поништување на штетниот ДУП, кој води до колапс на општината Ѓорче Петров

На седницата на Советот на Општина Ѓорче Петров, советничката група од Левица поднесе 9 Иницијативи, меѓу кои и Иницијатива со Предлог-одлука за Поништување на катаклизмичкиот ДУП СЗ 16, информираат од оваа партија.
Левица, како што вели, им понуди шанса на советниците да ја отповикаат одлуката за овој ДУП, истакнувајќи ги битните елементи и факти кои би придонеле до колапс на општина Ѓорче Петров и градот Скопје.
„Сепак, советниците од ДПМНЕ и коалицијата, ГРОМ и Демократски сојуз кои месечно граѓаните ги плаќаат над 260.000 денари за да ги застапуваат и работат во полза на жителите – одлучија воопшто да не обрнат внимание на аргументите за штетноста на ДУП-от СЗ 16.
Имено, тие, без ниту еден контрааргумент, ноншалантно, одбија Дневниот ред да се дополни со Предлог-одлука за поништување на ДУП-от.
Наместо со овој ДУП (кој се протега паралелно од пазарот во Ѓорче Петров, до Александрија) да се решат актуелните проблеми на Општината, за жал истите значително ќе се продлабочат“, истакнуваат од Левица.
Потенцираат дека нема да отстапат од борбата против урбаната мафија и ќе продолжат да вложуваат напори за да го спречат спроведувањето на тој криминоген план.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Хеликоптер од Чешка и 61 пожарникар од Словенија ќе помагаат во гаснење на пожарите

Меѓународна помош ќе пристигне во земјава да помогне во справување со пожарите. Помошта ќе дојде од Чешка и од Словенија.
Чешка испраќа хеликоптер Блек Хок со седумчлен екипаж. Се очекува да пристигнат попладнево.
Утре, пак, во Берово ќе пристигне тим од Словенија составен од 61 пожарникар со 18 возила.
Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, три се под контрола, а седумнаесет се изгаснати.
Македонија
Граѓаните кои поседуваат легално оружје од сега ќе можат да набавуваат муниција директно во овластените правни субјекти

Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција.
Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција.
„Истовремено, преку централен електронски систем, Министерството за внатрешни работи ќе врши континуирана контрола и увид во количините што се набавуваат, во согласност со законски утврдените ограничувања. Со оваа промена, системот станува побрз, пофункционален и посовремен, без да се намали степенот на безбедносен надзор. Ова е уште една потврда дека се движиме во вистинска насока, со конкретни мерки што носат резултати и реално го подобруваат квалитетот на услугите што МВР ги дава на граѓаните“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Македонија
Меџити: Почиста иднина за 18 општини – стигнува новата опрема во вредност од 10.7 милиони евра

Првиот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска потпиша два договори во вредност од околу 10,7 милиони евра со кои ќе обезбеди и испорача нова опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, како дел од реализацијата на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.
Со овие два договора, информираше Меџити, е опфатено снабдување на општините Дебар, Струга, Битола, Кичево Прилеп, Долнени и други рурални општини со сеопфатна механизација: контејнери, канти, специјализирани камиони-компактори, скип-лифтови и кипер возила, односно сè што е потребно за ефикасно собирање, транспорт и одлагање на отпадот од страна на комуналните претпријатија во општините, во согласност со европските стандарди.
„Со оваа значајна испорака на опрема која е сериозен чекор напред кон одомаќинување на европските еколошки стандарди, продолжуваме со реализација на нашата стратешка цел – изградба на одржлив и интегриран регионален систем за управување со отпад. Благодарност до сите партнери кои денеска се со нас и сесрдно го поддржуваат овој процес, “ изјави министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Финансиската поддршка за оваа набавка е обезбедена преку Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), со дополнителна помош од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO), Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Владата на Шведска преку СИДА.