Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е симбол за конфузија и промена на ставови
Стево Пендаровски е симбол за конфузија и промена на ставови. Едно време Пендаровски уверуваше дека Kопенхашките критериуми, а не билатералните прашања и историјата ќе бидат условите за влез во Европската Унија. Но наместо тоа, тој и СДС прифатија понижувачки позиции за Македонија во кој историските толкувања на Бугарија ќе бидат клучни во детерминирањето на македонските евроинтеграции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како што и сам коментира Пендаровски, доколку членовите на мешовитата историска комисија со Бугарија не се договорат за одредена личност или настан од македонската историја, тогаш следи вето и нова блокада. Оваа изјава е дадена во јули 2022 година. Ако Пендаровски е свесен за ова, тогаш се поставува прашањето зошто прифаќа Македонија да влезе во бескрајни преговори во кои ќе биде уценувана со историската Комисија со Бугарија?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија, Пендаровски и СДС во континуитет прифаќаат кукавички јајца во македонските евроинтеграции. Тоа, како што велат е недозволиво.
„Со право народот вели дека немаме држава, немаме претседател и немаме институции кои ќе ги штитат националните интереси. Пендаровски го изгуби својот интегритет и кредибилитет. Тој го погази достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени“, се нагласува од страна на партијата на Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прекин на патот Македонски Брод – Скопје поради одрон
Поради одрон патот Македонски Брод – Скопје е во прекин.
„Во 08:40 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, поточно кај резерватот Јасен сообраќајот е во прекин поради одрон на патот“, информира АМСМ.
Македонија
ЦУК: Добиени се повеќе пријави за свлечишта и одрони на патот
Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар-Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, известија од Центарот за управување со кризи.
Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со дежурните служби на Македонија пат, кои веднаш се вклучија во отстранување на свлечиштата и одроните кои предизвикуваа опасност по сообраќајот, додаваат од ЦУК.
Македонија
„Влен“: НАИ како коалиција без кауза веќе се распаѓа
„Коалицијата НАИ, изградена без кауза, без визија и без јасна политичка ориентација, влегува во фаза на неизбежно распаѓање. Она што се случи вчера со заминувањето на АА на Зијадин Села и заминувањето на Кренар Љога од оваа коалиција јасно ја покажува длабоката внатрешна криза, недостатокот на кохезија и неуспехот да се изгради одржлива политичка понуда“, велат од „Влен“.
„Нивниот континуиран недостаток на координација веќе стана модел на неуспех, не само што не успеваат да обликуваат заедничка насока, туку секој ден докажуваат дека оваа коалиција функционирала само како засолниште за тесни лични интереси, а не како политички проект за Албанците.
ВЛЕН останува единствената консолидирана сила, со програма, со визија и со јасна структура за градење држава. Додека НАИ се распаѓа дел по дел, граѓаните и важните политички личности се враќаат таму каде што се наоѓа стабилност, сериозност и вистинска перспектива.
ВЛЕН ќе продолжи да работи одговорно и транспарентно, заштитувајќи го општиот интерес и градејќи сигурна иднина за граѓаните, додека други ќе се справуваат со распаѓањето на коалиција која никогаш немала своја кауза“, се наведува во соопштението на „Влен“.

