Европа
Во Русија почна гласањето на изборите, кои ќе траат три дена, Путин нема конкуренција
Руските гласачи утринава почнаа да излегуваат на гласачките места на тридневните претседателски избори, кои сигурно ќе му донесат на Владимир Путин уште еден шестгодишен мандат на власт бидејќи нема вистински противници. Гласањето почна со отворање на избирачките места на рускиот далечен исток.
Изборите во земјата што опфаќа 11 временски зони ќе траат до недела вечер кога последните избирачки места во Калининград на Балтичкото Море се затвораат во 20 часот по локално време. Веднаш потоа се очекуваат првите прогнози. Руските државни агенции за истражување на јавното мислење веќе прогнозираа дека 71-годишниот Путин, кој е на власт речиси четвртина век и бара петти мандат, ќе добие повеќе од 80 отсто од гласовите. Тоа би бил неговиот најголем резултат досега.
Путин има тројца формални ривали, што на изборите им дава привид на кредибилитет. Но, тие не само што немаат шанси туку имаат и политички ставови кои се про-Кремљ и обично го поддржуваат Путин. На кандидатите што се изјаснија против војната на Путин во Украина им беше забрането да се кандидираат.
Изборните набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) не беа поканети да ги следат изборите. Москва го проценува бројот на гласачи во Русија на 112 милиони, но таа бројка, всушност, вклучува 4,5 милиони луѓе во окупираните делови на украинските региони Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Покрај тоа, два милиона Руси, кои живеат во други земји, имаат право на глас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.