Скопје
Изградба на нова линија за фекална канализација за дел од населбата Илинден
ЈКП „Водовод“ почна со изградба на фекална канализација на улицата 9 во населбата Илинден во близина на општинската зграда. Новата линија ќе биде во должина од 150 метри и ќе ги прифати отпадните води од 10-ина домаќинства, извести Општина Илинден.
Новата линија за канализација ќе биде дел од фекалната канализација припадна површина 8 Илинден.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, направи увид во градежните работи, при што истакна дека приоритет во работењето е подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во општината. Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење и за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден.
Канализацискиот систем во Илинден припадна површина 8, во кој ќе биде поврзана новата линија, е во должина од 4.000 метри и на него има можност да бидат опфатени околу 330 домаќинства од населеното место Илинден, како и други јавни објекти, со што значително ќе се подобрат животната средина и квалитетот на живот, се додава во соопштението на Општина Илинден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




