Скопје
Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија
„Најостро го осудувам инцидентот на вчерашниот натпревар помеѓу кошаркарските клубови ‘МЗТ Скопје Аеродром’ и ‘Чаир’, настан што кај сите нас предизвика сериозна загриженост. Насилството во спортот не само што го поткопува духот на натпреварувањето туку и ја загрозува безбедноста на спортистите и навивачите“. Ова на својата фејсбук-страница го напиша градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, по безбедносниот инцидент на вчерашниот натпревар, кој беше прекинат поради напад од неофицијални лица врз тренерот и играчите на „МЗТ Скопје Аеродром“.

Тој потенцира дека кошаркарите на МЗТ и целиот стручен штаб се спортски херои во Аеродром, браќата Дамјан и Војдан вистински кошаркарски легенди, а задача и одговорност на сите е да промовираме спортска култура, меѓусебно почитување и здрава конкуренција.
„Кошаркарите на МЗТ и целиот стручен штаб се нашите спортски херои, а браќата Дамјан и Војдан национални кошаркарски легенди. Гарантирањето на нивната безбедност и овозможувањето фер игра се наша обврска и задача. Дополнително, одговорност и задача на сите нас, како заедница и општество, е да промовираме спортска култура, меѓусебно почитување и здрава конкуренција“, истакна градоначалникот Муцунски во својата фејсбук-објава.
Имајќи ја предвид сериозноста на вчерашниот инцидент, тој побара од Кошаркарската федерација и од другите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за негово целосно расчистување и нагласи дека неопходно е во иднина сите заедно да работиме на спречување секоја форма на насилство и агресија на спортските терени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

