Македонија
Ковачевски: ДПМНЕ нема план за иднината и не може да донесе никаква промена
ДПМНЕ нема план за Европа, нема план за иднината и не може да донесе никаква суштинска промна а пример за тоа е хаосот во Скопје и нереализираните ветувања на градоначлниците од оваа партија ширум државата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Охрид на отворањето на промотивниот штаб на партијата.
Ние во СДСМ сме целосно свесни дека можеше и може многу работи да бидат подобри рече Ковачевски додавајќи дека мора да изградиме целосно функционален систем во државата кој ќе биде во служба и во корист на граѓаните и на стопанството.
-Ние во СДСМ имаме јасна визија за иднината на државата како европска. Секој што ветува нешто друго треба да излезе и да каже што е тоа? Која е алтернативна визија за Македонија? Како ќе ја реализираат? Немаат, затоа и не ја кажуваат. ДПМНЕ нема план за Европа, нема план за иднината, дециден беше Ковачевски.
Тој рече дека нема да зборува за опозицијата, „за нивниот слаб потенцијал и капацитет“ наведувајќи дека тоа граѓаните го знаат многу добро затоа што го гледаат секој ден.
-Тоа се истите оние кои ветуваа промени на локалните избори а не направија ништо, не променија ништо. Доволно е да се види хаосот во Скопје, нереализираните ветувања во Охрид, ширум Македонија. ДПМНЕ не може да донесе никаква суштинска промена, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

