Спорт
Сферопулос: Хрватскиот тим е исклучително талентиран и има голем потенцијал, игра со самодоверба и ентузијазам

Кошаркарите на Црвена звезда отпатуваа во Загреб каде го имаат натпреварот од 23. коло на АБА лигата на АдмиралБет против Цибона.
Тренерот на српскиот шампион, Јанис Сферопулос пред натпреварот истакнува дека хрватскиот тим е исклучително талентиран и има голем потенцијал, кој игра со самодоверба и ентузијазам.
Иако црвено-белите имаат позитивен скор со Загреб, тренерот и играчите максимално претпазливо пристапуваат на натпреварот со оглед на ланскиот пораз кој ги чинеше првото место пред плеј-офот.
– Не очекува натпревар со исклучително талентиран тим кој има голем потенцијал. Цибона е тим кој има искусни играчи, но и група многу млади и играат со голема самодоверба и ентузијазам. Мораме да бидеме психички подготвени, но и физички на теренот за да одиграме натпревар на ниво и согласно нашите стандарди – изјави Јанис. Сферопулос.
Екипата на Звезда со автобус ќе се врати во Белград веднаш по мечот во Загреб, а веќе во среда во Арената (20 часот) се очекува првиот од двата меча од двојното коло во Евролигата против грчки Панатинаикос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јокиќ блескаше, Гордон погоди во последната милисекунда за победа на Денвер во ЛА

Денвер Нагетс изедначија на 2:2 во серијата со ЛА Клиперс. Во ЛА, Денвер со поените на Арон Гордон, буквално со звукот на сирената славеа со 101:99, откако испуштија предност од 22 поени во последната четвртина.
По неизвесното прво полувреме во кое Денвер константоно имаше водство и на паузата замина со предост од два поени, во третиот период Нагетс ги декласираа Клиперси. Постигнаа 35 поени, Јокиќ уфрли 16 един поен помалку од комплатниот тим на домаќинот.
Тактиката на Денвер во последниот период по водството од 22 поени, максимално да го трошат времето имссе „удри од глава“. Клиперси трпеливо ја топеа разликата, а на вкезор во последната минута со пените на Богдановиќ го презедоа водството (97:96).
Јокиќ потоа погоди едно слободно фрлање, а откако Ленард промаши шут за три поени, Јокиќ со хрилијантен потег му ја врати предноста на Денвер (97:99). Во следниот напад Зубац по промашувањето на Харден ја врати топката во кошот. По тајм-аутот Јокиќ решаваше, обидот за три беше непрецизен, но топката во кошот ја заби Гордон.
Откако судиите две минути ја гледаа снимката од сите можни агли пресудија дека кошот е регуларен.
AARON GORDON AT THE BUZZER pic.twitter.com/R44ae1snZu
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 27, 2025
Никола Јокиќ повторно блескаше со 36 поени (14/25 од поле, 3/6 за три) со 21 скок, 8 асистенции, 2 украдени топки и една блокада.
Покрај Јокиќ, Мајкл Портер и Кристијан Браун постигнаа двоцифрен број поени во Денвер по 17 поени, Гордон додаде 14, а Џамал Мареј 13.
Во поразениот тим, Кавај Ленард постигна 24 (9 скока, 2 ас), Пауел 22, Зубац 19 (12 скока, 6 ас), Џејмс Харден 15 (4 скока, 11 ас).
Спорт
(Видео) Кунде херој, Барселона го освои Купот на Кралот

Фудбалерите на Барселона го освоија трофејот во Купот на Кралот, откако во финалето во Севилја го победија Реал Мадрид со резултат од 3:2 (1:0).
Барселона со тоа го освои вториот трофеј во сезоната, откако во јануари го победи Реал Мадрид со 5:2 во финалето на шпанскиот Суперкуп.
Претходно, во првиот дел од сезоната, тие го победија својот најголем ривал на „Сантијаго Бернабеу“ со 4:0.
Хројот на Барселона е Жил Кунде кој го постигна голот за победа во 116.минута.
Лука Модриќ испрати лошо додавање до Брахим Диас, Кунде ја пресече топката,шутираше на прва и го постави конечниот резултат.
Спорт
Баерн може да почне да ја слави титулата, котраверзна победа на Борусија кај Хофенхајм

Чудо треба да се случи во Бундес лигата за Баерн да не ја освои 34. шампионска титула. Во 31.коло, Баерн го победи Мајнц со 3:0, а Баер Леверкузен со 2:0 славеше над Аугсбург. Баварците ја задржаа предноста од осум бода пред актуелните шампиони.
Баерн победата над Мајнц ја обезбеди во првото полувреме со головите на Лирој Сане и Михаел Олисе. Победата ја запечати Ерик Даер во 84. минута.
Натпреварот го одбележа големиот јубилеј на легендата на Баерн, Томас Милер.
Тој го одигра својот 500. натпревар во Бундеслигата, сето тоа во дресот на еден клуб. Тој стана само четвртиот играч кој го сторил тоа.
По два последователни нерешени резултати, Леверкузен конечно стигна до победата.
Аугсбург беше поразен со 2:0 со головите на Патрик Шик и Емилијано Буендија, па актуелниот шампион се уште теоретски останаа во трката за титулата.
Борусија Дортмунд со голот на Антон во 95.минута победи кај Хофенхајм со 3.2. Токму голот на Антон ќе предизвика полемика во германската јавност, бидејќи претходно во акцијата имаше очигледен контакт на Чукуемека со голоманот на Хофенхајм.