Црна хроника
Тетовец истепан од две лица, полицијата го расчистува случајот
Шеесет и седумгодишниот тетовец Д.Д., вчеравечер во 22 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 9 часот и 45 минути во близина на тетовската Клиничка болница, каде се изведувале градежни работи, физички бил нападнат од две лица, соопшти СВР Тетово.
Според пријавеното, причина за тоа биле нерасчистени имотно-правни односи со установата, за што се водел и судски спор, велат од СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово
Вчера во 08.00 часот кај местото викано „Тракаљачко маало“ во атар на село Танушевци, скопско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје и од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, по претходно добиени сознанија и во соработка со косовската гранична полиција, спречија криумчарење на производи за широка потрошувачка од Косово кон Република Северна Македонија.
Имено, полициските службеници затекнале две товарни возила, по што возачите го напуштиле местото.
При преглед на товарното возило „фолксваген“ со шведски национални ознаки била пронајдена поголема количина производи за широка потрошувачка, додека за товарното возило „мерцедес“ без регистарски ознаки било констатирано дека е празно.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, за настанот бил известен јавен обвинител, а производите биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Танушевци за понатамошна постапка.
Црна хроника
Со „бмв“ и „мерцедес“ прегазени двајца пешаци во Скопје: тешко се повредени
Вчера, во 11.25 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на платото од станица за технички преглед на улицата Александар Урдаревски во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. А. (44) од с. Љуботен, Скопско, удрило во пешакот Д. Л. (54) од с. Чучер Сандево.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Истиот ден во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Петричка во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е. С. (21) од Скопје, удрило во пешакот М. Р. (68) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добила М. Р., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Топ
Малолетник прегазен од автомобил во Скопје: возачот побегнал
Во СВР Скопје синоќа во 21.03 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Хасан Приштина“ и бул.„Словенија“ во Скопје, патничко возило удрило во малолетен пешак и го напуштило местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.