Спорт
Фенербахче размислува да се повлече од турскиот шампионат
Челниците на Фенербахче најавија дека размислуваат да ја напуштат турската лига по инцидентите на натпреварот со Трабзон.
Фудбалерите на Фенербахче беа нападнати на теренот од хулигани од Трабзон, по натпреварот во кој победија со 3:2.
Беа удирени неколку фудбалери, а најлошо мина голманот Ливаковиќ кого еден од хулиганите го удри во глава од зад грб.
Во Фенер свикаа клупско собрание за 2. април поради случувањата во Трабзон, а еден од предлозите е турскиот великан да го напушти домашното натпреварување.
Фенербахче по 30 кола е втор на табелата со 79 бодови, два помалку од водечкиот Галатасарај.
Поради инцидентите на крајот од натпреварот во Трабзон во понеделникот беа уапсени 12 лица, а инцидентите ги осуди и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ждрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир
Foto/ facebook.com/rfmofficial
Ракометната репрезентација на Македонија, вчера, направи голем пресврт, надомести минус од седум голови прптив фарските Острови и се пласира на Светското првенство.
Во „Борис Трајковски“, Македонија победи со 34:26 (15:11). Пешевски со осум, Кузмановски со седум и Митев со шест гола ја предводеа Македонија до победата.
Светското првенство ќе се одржи од 14.јануари до 2. февруари наредната година во Хрватска, Данска и Шведска. Натпреварите ќе се играат во Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин.
Извлегувањето на групите се одржи на 29. мај, а според проекциите Македонија ќе биде сместена во третиот шешир заедно со Аргентина, Јапонија, Алжир, Катар, Бразил, Куба, Полска.
Шешир 1:
Германија, Египет, Унгарија, Данска, Франција, Шведска, Словенија, Португалија
Шешир 2:
Норвешка, Холандија, Шпанија, Хрватска, Австрија, Исланд, Италија, Чешка
Шешир 3:
Македонија, Аргентина, Јапонија, Алжир, Катар, Бразил, Куба, Полска
Шешир 4:
Кувајт, Зеленортски Острови, Гвинеја, Бахреин, Тунис, Чиле, Соединетите Американски Држави, вајлд-карта.
Спорт
Дебакл на Црна Гора – селекторот Шола поднесе оставка
Храватскиот тренер, Владо Шола поднесе оставка од функцијата селектор на Црна Гора. Шола и неговите избраници се изрезилија против Италија во баражот за пласман на Светското првенство.
Црна Гора ги загуби двата натпревари од Италија во баражот за СП 2025. Италија го доби првиот натпревар 32:26, а во реваншот беше 34:32 за Италијанците.
„Им честитам на играчите, преземам одговорност за се. Се што беше лошо беше моја вина. Веднаш поднесувам оставка, жал ми е ако го разочарав ракометниот свет во Црна Гора“, изјави Шола на прес-конференцијата по натпреварот.
Спорт
Фабрегас: Варди не е дел од нашите планови
Помошникот на тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, ги демантираше гласините дека англискиот напаѓач Џејми Варди би можел да потпише договор со новиот тим на италијанската Серија А.
Комо натпреварувањето во второлигашкиот караван го заврши на втората позиција со три бода помалку од Парма и заедно со „млекарите“ обезбедија пласман во елитното друштво. Комо последен пат дел од италијанската елитна дивизија беше пред 21 година.
„Варди не е мета на Комо за новата сезона. Ќе потпишеме играчи кои веруваат во нашиот проект и сакаат да играат овде. Ќе составиме конкурентен тим“, изјави поранешниот шпански репрезентативец.
Лестер се врати во Премиер лигата по една година во Чемпионшип, а Варди имаше одлична сезона.
37-годишниот фудбалер го носи дресот на „лисиците“ од 2012 година, а во сезоната 2023-24 одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна 20 гола со две асистенции.