Македонија
Средба Џафери – Бомгартнер: Франција е значаен партнер на Северна Македонија на пристапниот пат во ЕУ
Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на Француската Република во Скопје, Сирил Бомгартнер.
На средбата беа констатирани три децении одлични билатерални односи и пријателството меѓу нашите две земји, карактеризирани со високоразвиен, конструктивен и партнерски политички дијалог. Воедно, беше изразен и интересот во следниот период да се стави поголем акцент на економската и трговската соработка.
Џафери го поздрави севкупниот и засилен француски ангажман во регионот на Западен Балкан олицетворен преку низа иницијативи и конкретни чекори во изминатиот период насочени кон зајакната стратешка, политичка, економска и општествена соработка. Во таа насока се заблагодари за поддршката на Франција во процесот на проширување на Европската Унија со целиот регион, и Северна Македонија особено, и ја нагласи посветеноста на Владата што ја предводи да ја продолжи почнатата динамика на патот кон ЕУ.
Бомгартнер ја поздрави досегашната одлична соработка со Џафери, во чиј мандат како претседател на Собранието беше направен голем исчекор во развојот на билатералната парламентарна соработка. Изрази подготвеност за натамошна сестрана соработка со Владата во насока на натамошно јакнење на односите меѓу двете земји, кои се засновани на долга историја на пријателство.
Бомгартнер ја нагласи силната посветеност на Франција кон европската перспектива на Северна Македонија и истакна дека Франција ќе продолжи активно да манифестира конструктивност и поддршка на тој пат, при што се осврна и на важноста на претстојните парламентарни избори во Северна Македонија изразувајќи надеж дека идната влада и Собранието ќе продолжат активно да ја спроведуваат европската агенда.
Премиерот го честита 20 Март – Денот на франкофонијата и нагласи дека Северна Македонија останува активно посветена на Меѓународната организација на франкофонијата и ќе продолжи со активностите за афирмација на францускиот јазик во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

