Спорт
Гранада го отпушти тренерот Медина
Челниците на шпанскиот прволигаш Гранада му врачи отказ на тренерот на првиот тим, Уругваецот Александар Медина (45), кој на таа позиција ја презеде пред четири месеци.
На 27 ноември минатата година, клубот од Андалузија го донесе Медина како замена за Пако Лопез, под чие водство Гранада оствари само една победа во првите 14 кола и се најде на претпоследното место во Ла Лига.
Медина не успеа да ги раздвижи работите , Гранада се уште се наоѓа на претпоследното место и во однос на Селта, првиот клуб кој е надвор од зоната за испаѓање, заостанува 13 бода на десет натпревари пред крајот на сезоната.
Гранада во своето соопштение не го именуваше тренерот кој треба да го замени Медина, но во шпанските медиуми како наследник на Уругваецот се споменува Хозе Рамон Сандовал, тренерот кој веќе беше на клупата на овој андалузиски клуб од мај 2015 до февруари 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Халанд го реши Борнмут
Манчестер сити во дербито го победи Борнмут со 3:1 и се искачи на второто место на табелата. „Граѓаните“ имаат шест бода помалку од Арсенал, зад нив со по 18 поени се Ливерпул и Борнмут.
„Граѓаните“ изгледаа одлично на теренот, играа онака како што сака Пеп Гвардиола и стигнаа до заслужена победа и второ место.
Халанд ја отвори серијата во 17-та минута, а осум минути подцна Донарума ги честеше гостите. По неговата грешка Адамес изедначи. Халанд со својот втор гол во 33-та минута им ја врати предноста на „граѓаните“.
Норвежанецот продолжи да ги тероризира противничките одбрани оваа сезона, веќе постигна 26 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања, од кои 13 гола во Премиер лигата.
Точка на мечот, со деби голот за Сити, стави О’Рајли во 60-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Лече ја продолжи агонијата на Фиорентина
Фудбалерите на Фиорентина се во криза во каква што не биле, во поновата историја на клубот. По 10 кола, Фиорентина нема победа во Серија А, со само четири бода се наоѓа на претпоследноот место на табелата.
Попладнево на „Артемио Франки“, Фиорентина загуби од Лече (0:1). По овој пораз на време, прашање е само кога тренерот Сетфано Пиоли ќе добие отказ.
Стрелец на единствениот гол за гостите од југот беше Албанецот Медон Бериша во 23-та минута.
Фиорентина, ако е тоа утеха за сите во клубот, а тешко дека е така, не е единствената без победа оваа сезона: Пиза, Верона и Џенова се исто така во таа група.
Пиза одигра возбудливи 2:2 попладнево и покрај тоа што водеше со 2:0 со головите на Стефано Море (неговите први голови во Серија А).
Биковите, сепак, израмнија до полувремето преку Џовани Симеоне и Че Адамс.
Спорт
Синер го освои Париз и се врати на првото место
За прв пат во својата кариера, италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше на Мастерсот во Париз.
Во големото финале, Синер беше подобар од Феликс Оже-Алијасим со 6:4, 7:6 (4).
Со овој триумф, Синер се врати на првото место на АТП листата и од понеделник ќе има предност од 250 поени пред Карлос Алкараз пред Финалниот Мастерс во Торино, кој започнува на 9 ноември.
Италијанецот го започна мечот фуриозно, со експресен брејк во првиот гем. Овој брејк одреди во кој правец ќе се движи сетот.
Имаше Синер шанси за брејк во петтиот и седмиот гем, од вториот сет, но Канаѓанецот успеа да се одбрани.
Синер не му дозволи ниту една шанса за брејк на 10-от тенисер во светот.
Во тај-брејкот, еден мини брејк беше доволен, Синер го направи во шестиот поен.
Јаник поведе против Феликс и во меѓусебните средби, по третиот последователен триумф сега е 3-2.
Foto/ EPA

