Македонија
Битиќи и Шукова на средба со делегација на Зелениот климатски фонд: во фокусот заедничките напори во борбата против климатските промени
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили, денеска во Владата на Република Северна Македонија остварија средба со делегација на Зелениот климатски фонд (ЗКФ), предводена од Нонханхла Зиндела, заменик-директор во одделот за програмирање на Фондот.
Средбата се одржа на маргините на регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија, поддржан од ЗКФ, кој се одржува во Скопје до 22 март 2024 година.
На средбата стана збор за спроведување на тековните програми финaнсирани од ЗКФ и имплементирани од меѓународно акредитирани субјекти за што заеднички беше изразена подготвеност за продлабочување на оваа соработка. Во оваа насока на средбата се зборуваше и за нови идеи поврзани со развој на климатски отпорната инфраструктура и за нови заеднички напори во борбата против климатските промени.
Истакнувајќи ја подготвеноста на Северна Македонија да биде домаќин на регионалните канцеларии на ЗКФ, на состанокот се постави рамка за идните трансформациски и мултисекторски климатски иницијативи во Источна Европа, Централна Азија и пошироко. Оваа соработка помеѓу Северна Македонија и ЗКФ ќе има цел да отвори нови можности за справување со климатските предизвици и да промовира иновативни решенија за национална подготвеност.
Уште еднаш беше реафирмиран интересот на Владата да го номинира ФИТР за акредитација со која ќе се подобри пристапот до финансиски средства на ЗКФ и ќе се зајакнат напорите за решавање на приоритети поврзани со климатските промени во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

