Скопје
Стручни лица ќе им помагаат на основците од Карпош да се соочат со стресните ситуации во семејството

Речиси 125 наставници и стручни соработници, кои работат во основните училишта во Карпош, стекнаа сертификати за успешно завршена четиридневна обука, која ја спроведе лиценцираниот психолог и психотерапевт д-р Драгана Батиќ. Станува збор за проектот со наслов „Психо-социјална поддршка на децата во училиштата после стресни настани“, кој го поддржа Општина Карпош со финансиски средства во висина од 60.000 денари. Оваа обука беше неминовна за образовниот кадар од училиштата во Карпош за да реагираат соодветно во однос на децата и родителите при стресни ситуации со кои се соочуваат малолетниците, како што е разводот на родителите и живеење во еднородителско семејство, известува Општина Карпош.
„На овој начин училишните психолози, педагози и наставници од Карпош добиваат стручна едукација од д-р Батиќ, која воедно е и професорка на Факултетот за безбедност во Скопје. Оттука, учесниците во обуката стекнаа дополнителни искуства, кои ќе ги искористат за давање психосоцијална поддршка во периодот кога децата поминуваат низ разводот на родителите. Пристапот на стручните лица што ќе работат со основците од Карпош би бил, пред сè, од превентивна природа, кој треба да влијае позитивно врз нивното ментално здравје за да не дојде до развивање понатамошни психички проблеми, особено во адолесцентниот период.
Целна група на овој проект беа стручните тимови и наставниците од прво до петто одделение од основните училишта во Карпош. Притоа обуката се одвиваше во форма на искуствени работилници, во чии рамки беа обработени повеќе теми за семејството во процесот на развод. Имено, се говореше за промените во структурата на семејството, за стресот од разводот и соочување со стресот, кој може да резултира со хиперактивност или повлеченост кај децата, се анализираа емоционалните фази низ кои поминуваат малолетниците, а беа дискутирани и целите и методите на интервенција за време на секоја фаза“, се додава во соопштението од Општина Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)