Спорт
(Видео) Јувентус го казни Влаховиќ
Фудбалскиот клуб Јувентус парично го казни Душан Валховиќ за црвениот картон што го доби против Џенова.
Јувентус не успеа да ја победи Џенова (0:0). Влаховиќ ја промаши најдобрата шанса за „старата дама“. Веројатно фрустриран од тоа, во самиот финиш влезе во жестока расправија со главниот судија, кој во рок од десетна секунди му покажа два жолти картони.
Dusan Vlahovic lashed out at Max Allegri today. Club are likely to fine him, Allegri has confirmed.pic.twitter.com/C9MVyH4OX2
— Get Italian Football News (@_GIFN) March 17, 2024
Веднаш по натпреварот, однесувањето на Влаховиќ го критикуваше тренерот Масимилијано Алегри, кој на новинарите им рече дека клубот ќе го казни.
„Газета дело Спорт“ објави дека Јувентус ќе го санкционира со 70.000 евра, односно со пет отсто од неговата месечна плата.
„Марка“ напиша дека ова е најголемата парична казна за црвен картон во историјата на фудбалот.
Влеховиќ сезонава за Јувентус одигра 27 натпревари има постигнато 15 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Синер e прв финалист во Шангај
Јаник Синер е првиот финалист на Мастерсот во Шангај.
Италијанецот по вторпат сезонава го победи Чехот Томаш Махач, 33-ти во светот, со 6:4, 7:5 по 103 минути игра.
Со ова тој го обезбеди лидерското место на АТП листата на крајот од оваа година.
Исто како и минатата пролет во Мајами, кога првпат играше со Чехoт, светскиот рекет број еден најде решение и со тоа ја заврши одличната недела на противникот.
Светскиот рекет број еден на тој начин стигна до осминафиналето сезонава и в недела ќе се бори за седмата титула во 2024 година, вкупно 17-та во кариерата.
Не може да се каже дека Махач одигра лошо, напротив играше во свој стил. Погодуваше со сета сила, ризикуваше во ударите, но впечатокот е дека Синер ги добиваше клучните поени и правеше значително помалку грешки.
Сепак, Чехот одлично го започна мечот, веднаш нападна и го изненади Синер со ран брејк, а потоа и со водство од 2:0.
Сепак, тоа не го збуни Синер, кој го задржа темпото на игра и го сврте резултатот во своја полза, 3:2.
Италијанецот имаше и две брејк топки во следниот гем, но не ги искористи, само за да добие нова шанса во самата завршница од сетот.
Во десеттиот гем искористи брејк прилика за водство од 6:4 во мечот по 44 минута.
Италијанецот трпеливо градеше поени во остатокот од мечот и ја чекаше својата прилика.
Махач правеше многу повеќе грешки, но никако не успеваше да добие шанса за брејк.
Додуша, добро се држеше во овој сет, не му дозволи на противникот да добие брејк шанси, но не успеа ни самиот да ги создаде, се до деветтиот гем кога имаше два, но Синер извонредно извлече и стигна до 5. :4.
Махач одговори со 5:5, но Синер не ни трепна, брзо стигна до 6:5 без загубен поен, само за Италијанецот да притисне, стигнувајќи до брејк на крајот и трето мастерс финале во сезоната.
Таму ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц.
Спорт
Активирана ракометна „бомба“ во Подгорица – Дидие Динар е селектор на Црна Гора!
Дидие Динар, членот на генерацијата која доминираше во светскиот ракомет и поранешен селектор на Франција, едно од најголемите ракометни имиња во светот, е нов селектор на репрезентацијата на Црна Гора!
Ова големо ракометно име во Црна Гора носи импресивна кариера и како играч и како тренер.
Динар стана десеттиот селектор на „лавовите“ откако Владо Шола поднесе оставка во мај, по елиминацијата од Италија во баражот за Светското првенство.
Неговото деби на клупата на црногорската селекција се очекува на 6 ноември против Финска, во рамките на квалификациите за ЕП 2026 година.
Спорт
(Видео) Перу го победи Уругвај
Фудбалерите на Перу го победија Уругвај на домашен терен со 1:0, во последниот натпревар од деветтото коло во јужноамериканските квалификации за Светското првенство.
Голот за огромни три бода. го постигна стоперот Мигел Араухо во 88. минута, играч на американски Портланд.
Со оваа победа Перу ги задржа шансите за пласман во Мундијалот во 2026 година.
Перу е претпоследен со шест бода, Уругвај трет со 15. Аргентина е лидер со 19 бодови, Колумбија има 16, Бразил е четврти со 13, Еквадор е петти со 12, исто толку колку и шестопласираната Боливија, а Венецуела е седма со 11.
Над Перу е Парагвај со 10 бодови, а зад „фенерџијата“ Чиле со пет бодови.
Најдобрите шест селекции од Јужна Америка директно ќе се пласираат на СП по 18 одиграни кола, додека седмопласираната ќе оди во интерконтиненталниот плеј-оф.