Спорт
„Не се сомневам дека Чаби Алонсо ќе остане во Леверкузен“
Спортскиот директор на лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен, Фернандо Каро изјави дека очекува Чаби Алонсо и следната сезона ќе го предводи тимот.
Шпанецот прави чуда со Баер Леверкузен. Тој е на прагот да ја освои првата бундеслигашка титула во клупската историја. Неговата работа во Леверкузен ги заинтригира големите клубови, поради што се почесто се шпекулира за неговото заминување.
„Чаби Алонсо има договор до 2026 година и нема причина да се сомневаме дали ќе остане тука“, изјави Каро и дополни.
„Во фудбалот никогаш не се знае што ќе се случи, но јас имам целосна доверба во него. Развивме добри односи.“
Сепак, на Баер нема да му биде така лесно да го задржи Шпанецот, бидејќи за него наводно сериозно се заинтересирани Баерн и Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Синер e прв финалист во Шангај
Јаник Синер е првиот финалист на Мастерсот во Шангај.
Италијанецот по вторпат сезонава го победи Чехот Томаш Махач, 33-ти во светот, со 6:4, 7:5 по 103 минути игра.
Со ова тој го обезбеди лидерското место на АТП листата на крајот од оваа година.
Исто како и минатата пролет во Мајами, кога првпат играше со Чехoт, светскиот рекет број еден најде решение и со тоа ја заврши одличната недела на противникот.
Светскиот рекет број еден на тој начин стигна до осминафиналето сезонава и в недела ќе се бори за седмата титула во 2024 година, вкупно 17-та во кариерата.
Не може да се каже дека Махач одигра лошо, напротив играше во свој стил. Погодуваше со сета сила, ризикуваше во ударите, но впечатокот е дека Синер ги добиваше клучните поени и правеше значително помалку грешки.
Сепак, Чехот одлично го започна мечот, веднаш нападна и го изненади Синер со ран брејк, а потоа и со водство од 2:0.
Сепак, тоа не го збуни Синер, кој го задржа темпото на игра и го сврте резултатот во своја полза, 3:2.
Италијанецот имаше и две брејк топки во следниот гем, но не ги искористи, само за да добие нова шанса во самата завршница од сетот.
Во десеттиот гем искористи брејк прилика за водство од 6:4 во мечот по 44 минута.
Италијанецот трпеливо градеше поени во остатокот од мечот и ја чекаше својата прилика.
Махач правеше многу повеќе грешки, но никако не успеваше да добие шанса за брејк.
Додуша, добро се држеше во овој сет, не му дозволи на противникот да добие брејк шанси, но не успеа ни самиот да ги создаде, се до деветтиот гем кога имаше два, но Синер извонредно извлече и стигна до 5. :4.
Махач одговори со 5:5, но Синер не ни трепна, брзо стигна до 6:5 без загубен поен, само за Италијанецот да притисне, стигнувајќи до брејк на крајот и трето мастерс финале во сезоната.
Таму ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц.
Спорт
Активирана ракометна „бомба“ во Подгорица – Дидие Динар е селектор на Црна Гора!
Дидие Динар, членот на генерацијата која доминираше во светскиот ракомет и поранешен селектор на Франција, едно од најголемите ракометни имиња во светот, е нов селектор на репрезентацијата на Црна Гора!
Ова големо ракометно име во Црна Гора носи импресивна кариера и како играч и како тренер.
Динар стана десеттиот селектор на „лавовите“ откако Владо Шола поднесе оставка во мај, по елиминацијата од Италија во баражот за Светското првенство.
Неговото деби на клупата на црногорската селекција се очекува на 6 ноември против Финска, во рамките на квалификациите за ЕП 2026 година.
Спорт
(Видео) Перу го победи Уругвај
Фудбалерите на Перу го победија Уругвај на домашен терен со 1:0, во последниот натпревар од деветтото коло во јужноамериканските квалификации за Светското првенство.
Голот за огромни три бода. го постигна стоперот Мигел Араухо во 88. минута, играч на американски Портланд.
Со оваа победа Перу ги задржа шансите за пласман во Мундијалот во 2026 година.
Перу е претпоследен со шест бода, Уругвај трет со 15. Аргентина е лидер со 19 бодови, Колумбија има 16, Бразил е четврти со 13, Еквадор е петти со 12, исто толку колку и шестопласираната Боливија, а Венецуела е седма со 11.
Над Перу е Парагвај со 10 бодови, а зад „фенерџијата“ Чиле со пет бодови.
Најдобрите шест селекции од Јужна Америка директно ќе се пласираат на СП по 18 одиграни кола, додека седмопласираната ќе оди во интерконтиненталниот плеј-оф.