Скопје
Герасимовски и Дарко Корен од Хрватска разменуваат искуства за енергетиката, децентрализацијата и европските фондови

Делегацијата на Копривничко-крижевачка жупанија денеска во посета на Општина Центар, со цел да се продлабочи меѓусебната соработка. Жупанот Дарко Корен и градоначалниот Герасимовски на работниот состанок ги разгледаа можностите за размена на искуствата во доменот на енергетиката, децентрализацијата, користењето на европските фондови.
„Спогодбата за соработка во институционалната, економската и културната дејност меѓу Копривничко-крижевачката жупанија, која се потпиша минатото лето, е добра основа да соработуваме и влечеме искуства од нашите колеги, кои повеќе од една деценија се дел од ЕУ. Нивната експертиза во доменот на европските фондови и нивното користење за производство на зелена енергија и проекти во доменот на образованието, културата и стопанството ни се добредојдени. Регионот мора да си помага не само на центарлно туку и на локално ниво“, истакна Герасимовски на работниот состанок со делегацијата од хрватската жупанија.
Жупанот Дарко Корен истакна дека односите мегу двете земји се на високо ниво, но во исто време мора да се зајакнуваат и врските меѓу локалните самоуправи.
„Децентрализацијата е европски тренд и мора да го следиме. Мораме и да ги споделуваме и европските искуства, особено во областа на енергетиката. Чистата и обновлива енергија е нешто кон што и ние како жупанија тежнеме и веќе длабоко сме навлезени во таа проблематика. Затоа сме овде денеска. Да соработуваме за да имаме регион кој енергетски ќе биде компатибилен со она што се случува сега во ЕУ“, истакна Корен.
На средбата градоначалникот Герасимовски на Корен му го подари „Фениксот“, обележје на Општината, како симбол на повеќекратната преродба на градот и општината по разните доживеани катастрофи низ историја, а од жупанот Корен доби слика во уникатниот стил на наивата, уметнички правец по кој е препознатлива Хрватска.
Градоначалникот Герасимовски заедно со жупанот Корен и хрватската делегација беше во училиштата „Коле Неделковски“ и „Киро Глигоров“, како и во градинката во градба „Пролет“, каде што се планира поставување фотоволтаични централи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Герасимовски: Концерт на Јанг Дади на 27 август во Паркот на франкофонијата, ги поканувам сите скопјани на добра музика

На 27 август, Центар ќе пулсира во ритамот на добрата музика. Општина Центар, во рамки на проектот „На одмор сум, во Центар сум“, организира концерт на еден од најактуелните македонски изведувачи Јанг Дади што ќе се одржи во Паркот на франкофонијата, со почеток од 19:00 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите центарци и скопјани коишто се останати во градот да дојдат и да уживаат во вечер исполнета со позитивна енергија, музика и забава под отворено небо.
„Ги поканувам сите скопјани, млади, семејства, пријатели и сите љубители на музиката да дојдат во Паркот на Франкофонијата и заеднички да уживаме во песните на Јанг Дади. Исто така, Стела и Сани ќе ги забавуваат најмладите, ајде сите заедно да уживаме во вечер исполнета со енергија, смеа и добар ритам. Културата е најубавиот начин да го зближиме градот и затоа ве поканувам да бидеме дел од оваа летна приказна. Ве чекам во среда, на 27 август на музика што поврзува“, вели Герасимовски.
Македонија
Гази Баба почна акција за обележување пешачки премини

Општина Гази Баба започна со активности за обележување на пешачките премини на локалните улици, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на сообраќајната сигнализација во урбаните заедници.
Вчеравечер, екипите на Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“ извршија обележување на пешачките патеки во населбата Железара, како дел од поширока акција за системско одржување и обнова на хоризонталната сигнализација.
„Пешачките премини имаат суштинско значење во сообраќајната безбедност, особено во урбаните средини каде што е зголемен интензитетот на сообраќај. Тие претставуваат клучен елемент во заштитата на пешаците, особено на децата, повозрасните лица и лицата со попреченост. Обновената и јасно видлива сигнализација значително придонесува за зголемена безбедност и поефикасно функционирање на сообраќајниот систем.
Денес активностите продолжуваат во населбата Автокоманда, а во текот на следните денови ќе се реализираат и во останатите урбани заедници низ општината“, соопшти Општината.
На терен, заедно со екипите до доцна во ноќта, беа и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, како и директорот на ЈКП „Гази Баба“, кои лично го следеа спроведувањето на акцијата и ги поддржаа теренските тимови.