Спорт
Шпанската полиција влезе во просториите на Фудбалскиот сојуз

Во средата наутро полицијата влезе во просториите на Шпанскиот фудбалски сојуз поради сомневање за коруптивни активности. Овие сомнежи се засноваат на незаконски договори преку кои наводно се переле пари. Во објавата на оваа вест шпанските медиуми пренесоа дека во полициската акција има уапсени.
Шпанските медиуми јавуваат дека досега се уапсени седум лица. Нивните имиња не се споменуваат. Под истрага се уште пет лица.
Во исто време полицијата изврши претрес и во домовите на вработени и поранешни вработени во Сојузот.
Еден од домовите во кои влезе полицијата бил и домот на поранешниот претседател на Шпанската фудбалски сојуз, Луис Рубиалес. Тој во моментов не е во Шпанија.
Да потсетиме, Рубиалес беше суспендиран од сите фудбалски активности на три години поради сексистичкиот скандал на финалето на Светското првенство за жени. Причината е што за време на доделувањето на златните медали во женска конкуренција, тој ја бакнал во уста репрезентативката Џени Хермосо против нејзина волја.
Судот, кој ги истражува договорите што ги потпиша Шпанскиот фудбалски сојуз со Саудиска Арабија, домаќинот на натпреварите од шпанскиот Суперкуп, издаде наредба за увид во спорните документи.
Првиот контакт пред потпишувањето на тој договор го оствари компанијата Космос, чиј сопственик е поранешниот шпански репрезентативец и стопер на Барселона Џерар Пике.
Врз основ на тие договори, Шпанскиот фудбалски сојуз остварува профит од 40 милиони евра годишно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Леао не знае како да ја шутне топката, а годишно добива осум милиони евра“

Лошото момче на италијанскиот фудбал, Антонио Касано, во подкастот „Viva el futbol“, жестокот го криткуваше крлиниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао. Касно рече сена Леао „не знае правилно да ја шутне топката“.
„Кога го гледам тој човек, не знае да игра кога со грб е свртен кон голот. Има само брзина и тоа е неговиот единствен квалитет. Не знае како да ја шутира топката ниту со левата ниту со десната нога. Мисли дека Роналдо Ил Феномено. Не е тој крив, туку Милан што му дава плата од 8.000.000 евра годишно. Ако му даваа 1.000.000 или 1.500.000, јас би го гледал како сите други играчи“, рече тој. Касано.
Поранешниот италијански репрезентативец оди дотаму што верува дека некои играчи од послаби тимови имале поголемо влијание и статистика од Леао.
„Ако ги погледнам последните пет години на Леао во Милан и последните пет години на Рикардо Орсолини во Болоња, тогаш Рикардо треба да заработува 8.000.000, Леао ниту 2.000.000. Орсолини не е играч по кој сум луд, но ова се фактите. Само погледнете ги бројките. Едниот игра за Болоња, другиот за Милан.“
Спорт
Џерард: Не освоивме ништо затоа што бевме себични губитници

Поранешниот капитен на Англија, Стивен Џерард, рече дека „златната генерација“ не успеала да освои ништо бидејќи ѝ недостасувал тимски дух и бидејќи играчите биле „себични губитници“.
Од 2000 до 2014 година, Џерард одиграл 114 натпревари и постигнал 21 гол за репрезентацијата на Англија, со која не освои ниту еден трофеј.
Тој припаѓа на таканаречената „златна генерација“, заедно со Дејвид Бекам, Пол Сколс, Рио Фердинанд, Џон Тери, Вејн Руни, Гари Невил, Џејми Карагер и други.
Во подкастот на Рио Фердинанд, Џерард го посочи здружувањето на играчите од клубовите како проблем, што ги спречувало да бидат обединети во националниот тим.
„Сите бевме себични губитници. Гледам телевизија и го гледам Џејми Карагер како седи до Пол Сколс и изгледаат како да се најдобри пријатели 20 години. И го гледам односот на Карагер со Гари Невил и изгледаат како да се пријатели 20 години. Веројатно сум поблизок и попријателски настроен со тебе (Фердинанд) сега отколку што бев кога игравме 15 години за Англија“, рече Џерард, објави „Скај Спортс“.
„Зошто не се поврзавме кога имавме 20, 22, 23 години? Дали беше поради ривалството? Не бевме пријатели, не бевме тим, во ниедно натпреварување“, додаде поранешниот капитен на Ливерпул.
Тој истакна дека не му се допаѓа атмосферата во националниот тим.
„Ја мразев. Не ми се допаѓаше. Ги мразев (хотелските) соби. Немаше социјални медиуми, немавме ДВД плеер или нешто слично. Канали на телевизорот од еден до пет, што и да беше. Бев депресивен. Ги обожавав натпреварите. Обожавав да играм за Англија. Бев навистина горд. Уживав во тренингот, но тоа беше 90 минути на ден. А потоа бев сам“, рече тој.
„Не се чувствував како дел од тимот. Не чувствував поврзаност со моите соиграчи од Англија“, додаде Џерард, кој се смета за еден од најдобрите играчи во историјата на Ливерпул.
Спорт
Суспендиран Конор Мекгрегор

Поранешниот шампион во мешани боречки вештини на УФЦ, Конор Мекгрегор, беше суспендиран на 18 месеци поради кршење на антидопинг правилата. Ирецот пропуштил три допинг тестови.
Мекгрегор пропуштил три тестови за 12 месеци минатата година, на 13 јуни, 19 и 20 септември, затоа што не им дал на властите информации за неговото живеалиште, објави УФЦ. Неговата суспензија ќе заврши на 20 март 2026 година.
Телото за антидопинг на боречките спортови соопшти дека иако Мекгрегор не бил достапен, тој се опоравувал од повреда и не се подготвувал за претстојната борба.
„Мекгрегор целосно соработуваше со истрагата, ја прифати одговорноста и обезбеди детални информации за кои утврдивме дека придонеле за пропуштените тестови. Како резултат на тоа, стандардната казна од 24 месеци беше намалена за шест месеци“, се вели во соопштението.
Мекгрегор не се натпреварувал во УФЦ, откако ја скрши ногата против Дастин Поарие во јули 2021 година.