Македонија
Најчевска: Од каде излезе дека Стевчо е поголем криминалец од Ахмети, Груби, Османи – ако веќе се става на црната листа пред избори, зошто тоа не се луѓе од ДУИ

Професорката Мирјана Најчевска реагира за црната листа на САД, на која се најдоа и имињата на Катица Јанева и Стевчо Јакимовски.
„Ова е проблематично по повеќе основи.
Прво, што андрак бара сега Катица Јанева на црната листа на Американците кога жената што тие ја донесоа за специјален јавен обвинител е во затвор.
Второ, крајно несоодветно е на ваков начин да се атакува од странска држава претседателски кандидат непосредно пред избори. Тоа Американците си го дозволуваат само за Путин колку што се сеќавам“, пишува Најчевска.
„Трето, ако веќе си дозволуваат вакво вмешување, од каде излезе дека Стевчо е поголем криминалец од Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и целата мафијашка банда? Ако веќе некој се става на црната листа пред избори, зошто не се ставаат луѓе од ДУИ? За да се задржи ДУИ во власта?“, додава во напишаното Најчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.